Ова го има само во Норвешка: Бодо/Глимт во вторникот играше во плеј-офот во ЛШ, а утредента во националниот Куп!

August 27, 2026
1 min read
ФОТО:.facebook.com/Glimt1916/

И дефинитивно ова го има само во Норвешка. Имено во вторникот Бодо/Глимт играше во плеј-офот во ЛШ против НЕЦ Нијменген и успеа да се пласира во елитната европска лига, а веќе вчера (среда) имаше меч во Националниот Куп. И вчера победи на гости со 0:5 во 1/64 финалето.
И покрај фактот што во вторникот одиграа натпревар од Лигата на шампионите, играчите на Бодо Глимт мораа повторно да излезат на теренот вчера.
Натпреварот помеѓу Бодо Глимт и НЕЦ заврши во вторникот околу 23 часот, а вчерапниот почна во 18 часот. На никој не му е јасно како е ова можно, но правилата се повеќе од јасни и луѓето во Фудбалската асоцијација на Норвешка не ги интересира ништо.
Имено, натпреварот од Купот на Норвешка беше закажан за вчера, а играчите на Бодо Глимт беа должни да се појават на натпреварот и немаше шанси да има никакво одложување.
Така, помалку од 24 часа по завршувањето на натпреварот од Лигата на шампионите, играчите на Бодо Глимт играа натпревар од домашниот куп.
Јасно е дека голем број од играчите од првиот тим го пропуштија овој натпревар, а фактот што патуваа само 50 минути до стадионот каде што го играа натпреварот беше во нивна корист. Интересно, Бодо/Глимт победи на гости со 0:5 кај Фауске Спринт, но притоа му беа исклучени два играчи.
Сепак, ова е ситуација што не се гледа често кога станува збор за професионалниот фудбал.

Можеме само да замислиме вакво нешто да се случи во мак – фудбалот?

Извор: vecer.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Божиновска: Во центарот на рударството мора да остане човекот, неговата безбедност и достоинство

Следно

Двајца рудари од Булмак 2016 меѓу најдобрите во Македонија: Признанија за Цеков и Ѓоргиевски

Latest from Blog

Фановите на Ливерпул запреа автомобил на фудбалер после киксот – настана хаос!

Разочарувањето по уште едно промашување на Ливерпул за малку ќе се претвори во многу непријатна ситуација на улиците по натпреварот против Фулам. Откако натпреварот заврши без голови, група навивачи на Ливерпул го

Димитриеска-Кочоска: Економскиот раст и инвестициите се доказ дека политиките даваат резултати

13 септември 2026, Скопје – Република Македонија го задржа кредитниот рејтинг којшто го оценува Кредитната агенција „Фич“. Ова за мене беше силна потврда за конзистентноста на политиките што ги спроведуваме и силен
Go toTop