Македонија и Србија поблиску до енергетска сигурност преку новиот гасен интерконектор

October 29, 2025
1 min read

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, истакна дека гасниот интерконектор меѓу Северна Македонија и Србија ќе создаде нова енергетска оска на стабилност за целиот регион.

На средба со Јована Јоксимовиќ од српското Министерство за рударство и енергетика, Божиновска разговарала за забрзување на сите активности и технички чекори за реализација на проектот, кој ќе овозможи поврзување на гасните системи на двете земји и пристап до алтернативни извори на гас.

„Овој интерконектор е дел од поголема визија – регион кој е енергетски сигурен, поврзан и европски ориентиран. Секој ден побрза реализација значи повеќе стабилност, предвидливост и независност за граѓаните и економијата“, рече Божиновска.

 

Таа додаде дека со овој проект енергетската карта на регионот се редефинира, а Македонија станува активен дел од процесот на регионално енергетско поврзување.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MARKETING

ЛОКАЛНИ ИЗБОРИ 2025

Претходно

Европска земја воведува розови регистарски таблички, еве за што се наменети

Следно

Ѓорѓиевски: Благодарам Вреди! Чаир ќе добие рамномерен развој и нови проекти

Latest from Blog

Сејфулаху: Зголемувањето на цената за добивање на возачка дозвола, инвестиција во квалитет, безбедност и модерна технологија!

Од 1 ноември 2025 година, во сите автошколи во Скопје ќе стапи во сила новата ценовна листа за обука и полагање за возачка дозвола од категорија „Б“, одлука која беше усвоена на

Ѓорѓиевски: Ѓорче Петров е двигателот на промените во Скопје

Кандидатот за градоначалник на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, вечерва присуствуваше на хепенинг во општина Ѓорче Петров под мотото „Ѓорче за Орце“, каде што, како што истакна, ја почувствувал силната поддршка на граѓаните

Меџити: Коалицијата на ДУИ ја изгуби надежта по поразот на локалните избори

Изет Меџити, во емисијата „Ајде да зборуваме“ на ТВ21 изјави дека Национална Алијанса за Интеграција (НАИ) ќе биде распуштена и дека ќе следат структурни промени на политичката сцена. Меџити објасни дека раководството
Go toTop