Македонија и Бугарија ја интензивираат соработката за Коридор 8

July 30, 2026
1 min read

Во Софија денеска се одржа првиот состанок на заедничката работна група на Македонија и Бугарија, посветен на подготовката и реализацијата на прекуграничниот железнички тунел на Коридор 8 – еден од клучните инфраструктурни проекти за поврзување на двете земји.

Со состанокот претседаваа заменик-министерката за транспорт на Македонија, Калтрина Зеколи Шаќири, и заменик-министерката за транспорт на Бугарија, Цвета Тимева, во согласност со претходно потпишаниот договор.

Во македонската делегација учествуваа претставници од Министерството за транспорт, Министерството за надворешни работи, Министерството за внатрешни работи, Министерството за одбрана, Министерството за животна средина и просторно планирање, Јавното претпријатие за железничка инфраструктура и Железници Транспорт АД – Скопје.

Зеколи Шаќири истакна дека прекуграничниот железнички тунел е проект од стратешко регионално значење, кој ќе овозможи подобра железничка поврзаност меѓу Македонија и Бугарија, побрз транспорт на патници и стока, како и поголема економска соработка.

На состанокот беа разгледани клучните активности за подготовка и изградба на тунелот, при што двете страни ја потврдија заложбата за интензивна координација и соработка во сите фази од реализацијата.

Постигната е согласност за утврдување јасна динамика на активностите, распределба на конкретни обврски меѓу надлежните институции и продолжување на техничките подготовки. Работната група ги дефинираше и следните чекори за обезбедување финансиска поддршка и понатамошна техничка координација.

Претставниците на двете земји ја нагласија важноста на Коридор 8 како еден од клучните европски транспортни коридори и ја истакнаа поддршката од Европската комисија за неговата реализација.

Следниот состанок на заедничката работна група ќе се одржи во Скопје, каде ќе се направи пресек на досегашните активности и ќе се договорат наредните чекори за реализација на проектот.

Извор: zurnal.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Меџити: Во целиот Чаир се реализираат проекти, инвестициите продолжуваат

Следно

Скандал што се криеше: СКОРО 800.000 ПАРЧИЊА ОРУЖЈЕ УКРАИНЦИТЕ ПРОДАЛЕ НА МАФИЈАТА

Latest from Blog

Скандал што се криеше: СКОРО 800.000 ПАРЧИЊА ОРУЖЈЕ УКРАИНЦИТЕ ПРОДАЛЕ НА МАФИЈАТА

Италијанскиот весник „Il Fatto Quotidiano“ објави дека од 2022 година, околу 780.000 парчиња оружје исчезнале или биле украдени од испораките на Европската Унија за Украина. Според изданието, само во првите пет месеци

Меџити: Во целиот Чаир се реализираат проекти, инвестициите продолжуваат

Градоначалникот на Општина Чаир, Изет Меџити, информира дека продолжуваат интензивните активности за подобрување на инфраструктурата во општината. Меџити посочи дека во повеќе населби се реализираат проекти за унапредување на подземната инфраструктура, изградба

Божиновска: Македонија го фаќа чекорот со Европа во развојот на зелениот водород

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска информираше дека со техничка поддршка од Европската Унија успешно е завршена првата сеопфатна Водородна студија за Македонија. Според Божиновска, студијата ги анализира можностите

„Тајмс“ објави: Европа му сврте целосно грб на Инфантино и продажбата на Мундијалот

На ите онлајн состанок, членките на УЕФА едноставно гласале против било каква промена на статусот на Мундијалот, односно Светското првенство кое што е во организација на ФИФА, а за кое првиот човек
Go toTop