Македонија гради зелена и стабилна енергетска инфраструктура – Божиновска на Berlin Global Dialogue

October 24, 2025
2 mins read

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, учествува на Berlin Global Dialogue 2025, еден од највлијателните глобални форуми што ги обединува државниците, визионерите и економските лидери кои ја обликуваат иднината.

Оваа година, форумот се одржува под мотото „Shifting Power, Shaping Prosperity“, со фокус на тоа како новата мултиполарна реалност може да создаде стабилен и одржлив глобален развој.

Министерката Божиновска беше говорник на панелот „Shifts of Power: Strengthening Energy Resilience“, на кој истакна дека концептот на енергетска безбедност во новиот геополитички контекст се менува суштински — од класичен пристап кон енергенсите, кон отпорни и зелени системи со долгорочна стабилност.

„Енергетската безбедност повеќе не значи само количина и извор на енергија. Денес тоа е прашање на отпорност, диверзификација и транзиција кон почисти, поодржливи извори,“ рече Божиновска.
„Геополитичките промени нѐ научија дека зависноста од еден снабдувач претставува сериозен ризик. Затоа нашата стратегија е јасна – поврзување со повеќе пазари, изградба на интерконектори и зајакнување на стабилноста, дури и во услови на глобална неизвесност.“

Во своето излагање, министерката се осврна на конкретните чекори што Македонија ги презема во насока на енергетска независност и одржливост:

„Го диверзифицираме снабдувањето со гас преку интерконекторот со Грција и подготвуваме инфраструктура за идниот транспорт на водород. Истовремено, ја зголемуваме домашната генерација од сонце и ветер, ја модернизираме преносната мрежа и инвестираме во складирање и дигитализација. Нашата визија е едноставна, но амбициозна – енергетски систем што е доволно флексибилен за да ги апсорбира глобалните шокови, доволно зелен за да обезбеди одржливост и доволно стабилен за да гарантира достапна енергија за сите.“

Осврнувајќи се на прашањето за рамнотежата меѓу безбедност, достапност и одржливост, Божиновска потенцираше дека трите цели не се исклучуваат меѓусебно, туку се меѓузависни.

„Не станува збор за избор меѓу безбедност, достапност или одржливост – туку за тоа како ги поврзуваме овие цели. Тоа бара стратегија, долгорочни инвестиции и пред сè – соработка. Ниту една земја не може сама да ги реши глобалните енергетски предизвици, но заедно можеме да изградиме посилни и поотпорни системи.“

Министерката укажа и на значењето на новите технологии и вештачката интелигенција во енергетиката, кои, според неа, се потенцијал за подобра ефикасност, а не закана:

„Вештачката интелигенција може да ја зајакне отпорноста на системот – преку попрецизно предвидување на побарувачката, оптимизација на производството и подобра интеграција на обновливите извори. Ако се користи мудро, таа ќе ни овозможи да сме поефикасни и поподготвени за иднината.“

Berlin Global Dialogue е глобална платформа основана со цел да поттикнува дијалог меѓу носителите на економски и политички одлуки, академската заедница и бизнис-секторот. Форумот е познат по своите учесници од највисоко ниво – меѓу кои и францускиот претседател Емануел Макрон, германскиот канцелар Олаф Шолц и извршниот директор на BlackRock, Лери Финк.

„Да ја претставуваме Македонија таму каде што се зборува за иднината на енергијата и глобалниот развој е чест и одговорност. Овие разговори не се само за иднината на енергијата – тие се за иднината на економијата, на стабилноста и на светот што го оставаме на следните генерации,“ додаде министерката Божиновска.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MARKETING

ЛОКАЛНИ ИЗБОРИ 2025

Претходно

Комерцијална банка, Алкалоид и Гранит со најголем дневен промет

Следно

Аморим: Победата над Ливерпул да се потврди со домашен триумф против Брајтон

Latest from Blog

Поразот во Скопје ја стресе Бихаќка: Галетановски прв поднесе оставка

Ѓорѓи Галетановски поднесе неотповиклива оставка од функцијата претседател на градската организација на СДСМ во Скопје, потврдија за ТВ 24 извори од партијата. Како што дознава медиумот, оставката е поднесена од морални и

Градскиот воз во Скопје ќе овозможи редовен сообраќај од Зелениково до Нова Железничка

Вицепремиерот Александар Николоски најави дека првата линија на новиот градски воз ќе биде готова за шест месеци и ќе овозможи редовен сообраќај од Зелениково до Нова Железничка во Скопје. „Веќе почнавме со

Силно невреме со град го зафати Јадранот- изгледа како да паднал снег (ВИДЕО)

Локалниот портал Bodulija.net пишува дека на Крк паднал град во неколку наврати, а голема количина мраз на патиштата создала проблеми и сообраќаен метеж. Невремето го погоди и овој остров вчера попладне, кога

Што ќе каже Меси на ова: Пеп изјави дека играч на Сити бил најталентираниот кој некогаш го видел!

ФОТО: Manchester City F.C./FB Пеп Гвардиола е еден од најдобрите тренери во историјата на фудбалот. Според многумина и најдобар. И секако дека неговиот збор и тоа ако дава на значење. Сепак и

Трамп го помилува основачот на најголемата берза за криптовалути во светот

Американскиот претседател Доналд Трамп го помилува основачот на најголемата светска берза за криптовалути „Бинанс“, Чангпенг Жао, познат по иницијалите ЦЗ, кој пред две години се изјасни за виновен за обвинението за перење
Go toTop