Мајката на Фросина: Душава ми гори од болка, морам да сум силна за да има правда за моето чедо и нема да се скршам

February 6, 2025
1 min read

Мајката на усмртената млада девојка Фросина Кулакова, Камелија се огласи преку социјалните мрежи со емотивна, но силна објава. Таа најавува дека и покрај огромната болка која ја чувствува по загубата на чедото, нема да се откаже од борбата за правда и ќе оди до крај.

Силна за Фросина и за сите деца чии роднини и пријатели не ја дочекале правдата.

Во продолжение интегрално ви ја пренесуваме објавата на Камелија Кулакова.

-Почитувани родители, млади луѓе-идни родители. Душава ми гори од болка, а срцето ми е распарчено., но морам да ви се обратам.
Сето ова популаризирање на нашата семејна трагедија е дотурање на сол на нашата рана која никогаш нема да се залечи.
Јас бев горда мајка. Пораснав три златни деца. Ги воспитував и учев да бидат добри личности. Добри, чесни и доблесни луѓе. Да си ја сакаат татковината. Да си ја почитуваат културата и традицијата. Да сочувствуваат. Да споделуваат радост и тага. Секогаш да се ставаат на другата страна пред да осудат и да ги разгледуваат нештата од сите страни пред секоја своја постапка.
Тоа е многу тешка задача. Особено во ова време- невреме.
И што се случи…..
Соништата на Фросина беа и наши соништа.
И што се случи…..
Огромна празнина, неподнослива болка, траорни слики кои постојано ти поминуваат пред очите и безброј зошто, зошто, зошто, зошто баш Фросина…..
И во еден момент си помислив…. можеше да е друго дете, син, ќерка, сестра, брат, љубена, љубен, другар. Можеше друго семејство да се распаѓа од болка. А болката не познава политика. Незнае за вера, раса, нација…само едно БОЛКА.
И тогаш си реков. Морам да сум силна. Морам да сум силна за да има правда за моето чедо и сите деца чии родители, браќа, сестри не ја дочекале правдата за нив. И нема да се скршам. Ќе одам до крај. Ќе бидам мајка, татко, сестра брат….
Меката, светла и моќна енергија на Фросина ме води и ми дава сила. И не само мене, на сите нас.
Заради тоа најискрено ве замолувам да не правите политика од оваа наша семејна трагедија. Бескрајно сум благодарна на сите кои искрено сочувствуваат со нас. Бескрајно сум благодарна на медиумите, на новинарите кои ми помогнаа некои работи да ми станат многу повеќе јасни. Благодарам на сите политичари-ЛУЃЕ, кои застанаа на нашиот пат благодарам на народот кој не подржува, зошто, без притисокот на народот и медиумите патот на правдата немаше ни да започне.
Затоа сакам да ве прашам.
Па нели благодарноста е доблест и основно начело на секое општество, цивилизација, религија.
ПРАВДА ЗА ФРОСИНА МОРА ДА ИМА ЗОШТО
“СЕКОЈ ЕДЕН МОЖЕ ДА Е СЛЕДЕН”
Почивај во мир сонце мое.
Нека ти е светол патот.
Една e мајка, пишува мајката на Фросина.

ИЗВОР: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MARKETING

Претходно

Ракометот завиен во црно: Почина Илија Темелковски

Следно

Владата на Мицкоски се откажа од изградбата на нов Клинички центар, ќе се проширува болницата „8 Септември“

Latest from Blog

Тудор после Интер: Беше лудо, не знам дали ја заслуживме победата!

Во италијанското дерби полно со пресврти, Јувентус го победи Интер со 4:3 пред своите навивачи. Победничкиот гол беше постигнат во судиското продолжение. Тренерот на Стара дама, Игор Тудор, призна по натпреварот дека

Трипуновски: Секој кој има штета ќе биде обештетен

Министер за земјоделство, шумарство и водостопанство Цветан Трипуновски присуствуваше на прес-конференција на Управувачкиот комитет за справување со кризи кој во проширен состав заседаваше во МВР. Во регионот каде што е пожарот во

Џон Малкович за аферата со убавата Мишел Фајфер: Кога ќе ја преминете границата, нема враќање

 Двајцата биле во брак во тоа време, а нивната романса од снимањето се прелеала и во реалниот живот. Во историската романса од 1988 година, режирана од Стивен Фрирс, Малкович и Фајфер ги
Go toTop