Вечерва се играат девет меча од 3.коло во Лигата на Шампионите. Тоа значи дека најквалитетниот европски клупски фудбал повторно е на сцената.
Секако дека дербито на денот се игра на „Емирејтс“ во Лондон каде се очекува спектакл на дуелот меѓу Арсенал и Атлетико Мадрид, а атмосферата и тоа како се загреа вчера кога гостите од Мадри имаа непријатност на официјалниот тренинг.
Наполи и Елиф Елмас по поразот кај Торино во Серија А, сега се пред тежок предизвик, му гостуваат на ПСВ во Ајндховен.
Се чини дека Барса и Интер се пред освојување на лесни бодови ако се знае дека каталонците се домаќини на Олимпијакос а гигантот од Милано му гостува на Ројал Унион во Белгија.
Европскиот шампион, составот на ПСЖ ќе се обиде да ја оправда фаворитската улога во Леверкузен.
Во продолжение можете да ги видите сите двојки за вечерва:
ДВОЈКИ ЗА ДЕНЕСКА
18:45 Ч
Барселона – Олимпијакос
Каират – Пафос
21:00 Ч
Арсенал – Атлетико Мадрид
Леверкузен – ПСЖ
Копенхаген – Дортмунд
Њукасл – Бенфика
ПСВ – Наполи
Ројал Унион – Интер
Виљареал – Манчестер Сити
Извор: vecer.mk