Летаа „искри“ помеѓу жири-комисијата во „Пат до Ѕвездите“: На моменти стануваше тензично помеѓу Роберт Саздов, Стојне Николова и Антониа Гиговска

May 31, 2024
1 min read

Вечерва на програмата на Тв „Алфа и музичката телевизија „Балкан Мјузик“ со почеток во 20:30 часот ќе се емитува најновото издание на музичкото талент-шоу „Пат до Ѕвездите“.

На големата сцена ќе се претстават неколкумина кандидати кои ќе мора да ги задоволат критериумите на стручната жири-комисија составена од познатиот музичар и актуелен уметнички директор на „Макфест, Роберт Саздов и познатата фолк-пејачка Стојне Николова.

Стојне и Роберт се постојана жири-комисија, а секоја емисија има по уште еден гостин – изненадување за кандидатите. Овојпат тоа е младата музичка ѕвезда Антониа Гиговска, која одлично се снајде во новата улога.
На моменти беше неизвесно, стресно, честопати се случуваше жири-комисијата да имаше различно мислење за кандидатите, па од време на време знаеше и да летне по некоја „искра помеѓу нив…

Сепак, на крајот дел од учесниците обезбедија пласман во следниот круг, додека пак дел добија уште само една шанса во бараж-изданието…

За тоа, не го пропуштајте најновото издание на „Пат до Ѕвездите вечерва со почеток во 20:30 часот…

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Трамп прогласен за виновен за фалсификување

Следно

Трамп е осуден. Што понатаму?

Latest from Blog

Мистериозна ЖЕНА БО БЕЛО ШЕТА НИЗ БЕЛГРАД, сведоците и медиумите немаат објаснување!

Во текот на ноќта, жителите на Белград беа сведоци на морничави сцени на жена во бело кои се појавуваа на улиците. Снимките од социјалните медиуми документираа необјаснети сцени кои дополнително ја интригираат

Претседателот на Фенербахче на распит за поседување дрога

ФОТО: Sadettin Saran/FB Претседателот на турскиот гигант Фенербахче, Садетин Саран, е повикан на сослушување како осомничен во истрага за дрога. По давањето исказ пред обвинителите, 61-годишниот Саран е испратен во Одборот за

Свечен прием и концерт по повод 21 Декември – Ден на настава на турски јазик и 20. годишнина од отворањето на Канцеларијата на ТИКА во Скопје

Турската агенција за соработка и координација (ТИКА) вечерва во Скопје организира свечен прием по повод 21 декември – Ден на настава на турски јазик и 20. годишнина од отворањето на Канцеларијата на
Go toTop