Лебот во Штип останува 30 денари – пекарите нема да ги креваат цените

January 10, 2026
1 min read

Цената на лебот и белите пецива во штипските пекарници засега ќе остане непроменета, и покрај зголемувањето на цената на електричната енергија. Ова го потврди Николче Малинов, сопственик на една од пекарниците во Штип, кој вели дека во моментов нема услови што би наложиле корекција на ценовникот.

Според него, пекарите располагаат со доволни количини брашно, а засега нема најава за поскапување на оваа суровина или на другите енергенси.

„Струјата е минимално поскапена, но тоа нема да влијае врз крајната цена на производите. Ќе го покриеме преку други заштеди во работењето“, истакна Малинов.

 

Тој додава дека олеснување за пекарниците претставуваат и законските измени со кои им се дозволува на пензионерите да работат, што помага во надминување на недостигот од работна сила. Дел од работниците, како што посочи, се враќаат и од странство, особено од Хрватска.

Во моментов лебот во Штип се продава по цена од околу 30 денари, во зависност од грамажата и квалитетот, а таа, како што уверуваат пекарите, ќе остане непроменета и во наредниот период.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

(Видео) ЗАМИСЛИ ЈА КАЈ ТЕБЕ ДОМА: По 37 дена големата црна мечка го напушти нивниот дом

Следно

Почнува скијачката сезона на Попова Шапка

Latest from Blog

Беше секс симбол, а сега е на раб на егзистенција- Мики Рурк на чекор да стане бездомник: Не барам милостина

На 73 години, актерот се соочува со финансиски и правни предизвици, дури и го доведува својот дом во Лос Анџелес во опасност поради долг од 60.000 долари за неплатена кирија. Во недела,

Бил Гејтс ѝ дал 8 милијарди долари на поранешната сопруга за да основа фондација

Коосновачот на „Мајкрософт“, Бил Гејтс, ѝ испратил речиси осум милијарди американски долари на поранешната сопруга Мелинда Френч Гејтс за добротворни цели, со што нејзината фондација стана една од најголемите непрофитни организации во

Дали вашата врска има иднина?

Без разлика колку време се забавуваме со партнерот, прашањето „Каде води ова“ си го поставуваме постојано. Сите имаме различни нивоа на „сериозно“ кога станува збор за врските. За некого тоа е објавување
Go toTop