ЛЕ: Ц. Звезда три чекори поблизу до главната фаза, шок за Салах и Трабзон (ВИДЕО)

August 20, 2026
1 min read

Белградска Црвена Звезда успеа да оствари одлична предност од 3:0 на првиот меч со Викторија Плзен во рамките на плеј-офот за Лигата на Европа. Вечерва во Белград, некогашниот европски шампион дојде до победа со головите на Иваниќ во 36′ и 53′ и голот на Катаи од пенал во 88′. Овој триумф ја носи Ц. Звезда на чекор до главната фаза од второто по ранг европско натпреварување.

Од останатите дуели вечерва, унгарски Ференцварош забележа изненадувачка победа од 1-0 над турски Трабзонспор и тоа на гости. Единствениот гол на натпреварот беше постигнат во 17-тата минута, кога Кристофер Закаријасен со глава ја погоди мрежата. Од друга страна, унгарскиот гигант успеаја да ја неутрализира противничката ѕвезда Мохамед Салах, кој дебитираше како стартер за тимот.

Бешикташ ја забележа својата шеста последователна победа од почетокот на сезоната, откако победи со 3-0 дома против Кауно Жалгирис во првиот натпревар од плејофот за Лигата на Европа. Тимот на Винченцо Италијано, исто така, ја задржа мрежата без примен гол во првите шест натпревари. Новото засилување Душан Влаховиќ го имаше своето деби откако влезе како замена во второто полувреме.

ЛИГА НА ЕВРОПА – ПЛЕЈ-ОФ (ПРВИ СРЕДБИ):

Кајрат Алмати – Андерлехт 0:3

Мјалби – Ред Бул Залцбург 0:1

Јагелонија – Иберија 1999 4:0

Бешикташ – Кауно Жалгирис 3:0

Университатеа Крајова – Арарат-Арменија 1:1

ОФИ Крит – ЦСКА Софија 3:0

Трабзонспор – Ференцварош 0:1

Лех Познањ – Тун 7:0

Егнатија – Лилестрем 0:0

Црвена звезда – Викторија Плзењ 3:0

Сент Труиден – Омонија 1:0

Бенфика – Архус 3:1

Извор: vecer.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Силен земјотрес од 6,7 степени го потресе Перу (ВИДЕО)

Latest from Blog

Силен земјотрес од 6,7 степени го потресе Перу (ВИДЕО)

Нема непосредни извештаи за штети, објави АП. Земјотресот се случил околу 13 часот по локално време, со епицентар 38 километри северозападно од градот Упахуача, во одделот Паринакочас во регионот Ајакучо. Епицентарот на

Три локации во Скопје се поплавуваат по секој интензивен дожд

За критичните точки на булеварот „Србија“ и кај „Мавровка“ се изработени технички решенија, чија реализација треба значително да ја намали можноста за поплавување на овие локации. Состојбата кај кружниот тек кај „Ист

Божиновска: „Чешка е наш докажан и значаен партнер, целта се конкретни проекти и инвестиции

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, оствари средба со заменик-премиерот и министер за надворешни работи на Чешката Република, Петр Мацинка, кој престојува во официјална посета на Македонија. Енергетиката, инвестициите

Гинов: По дефектот, водоснабдувањето во Битола постепено се нормализира

По отстранувањето на дефектот, водоснабдителниот систем во Битола постепено се враќа во нормален режим на работа, информира директорот на ЈКП „Водовод“ – Битола, м-р Андреј Гинов. Гинов посочува дека во моментов резервоарите

Жоао Кансело и официјално е член на Барселона

Екипата на Барселона попладнево и официјално објави дека нејзин нов член е Жоао Кансело. Кансело пристигнува на Ноу Камп како слободен играч и потпиша договор со верност до 2029 година. Искусниот португалец
Go toTop