Три локации во Скопје се поплавуваат по секој интензивен дожд

August 20, 2026
2 mins read

За критичните точки на булеварот „Србија“ и кај „Мавровка“ се изработени технички решенија, чија реализација треба значително да ја намали можноста за поплавување на овие локации. Состојбата кај кружниот тек кај „Ист Гејт“, пак, не може да се реши само со локална интервенција или со поставување дополнителни сливници. За трајно решение би бил потребен многу поширок и комплексен инфраструктурен зафат, кој би опфатил реконструкција на поголем дел од атмосферската мрежа во овој реон, велат за „Фокус“ од Град Скопје.

По секој пообилен дожд во Скопје, секогаш се поплавуваат 3 т.н. критични точки во главниот град. Станува збор дел од булеварот „Србија“, подвозникот во реонот кај трговскиот центар „Мавровска“ и кружниот тек во непосредна близина на „Ист Гејт“. Всушност, овие 3 локации се поплавија и за време на неодамнешните интензивни врнежи пред скоро два месеци, кога сообраќајот беше привремено парализиран.

Како што велат од Град Скопје за „Фокус“, овие 3 „критични точки“ веќе се мапирани. Притоа, посочуваат од таму, за првите две кај бул. „Србија“ и ТЦ „Мавровка“ веќе се изработени технички решенија кои треба значително да ја намалат можноста за поплавување. Што се однесува до третата локација кај „Ист Гејт“, објаснуваат дека таа е најкомплексна поради што потребен ќе биде „поширок инфраструктурен зафат“.

„На сите овие локации редовно се врши чистење на сливниците и канализациските мрежи, со цел да се обезбеди нивна максимална пропустност и да се намали ризикот од задржување вода при обилни врнежи. Сепак, мора да се има предвид дека при екстремни и интензивни дождови, за многу краток временски период се создава количина вода што го надминува капацитетот на постојната атмосферска канализација.

За критичните точки на булеварот „Србија“ и кај „Мавровка“ се изработени технички решенија што предвидуваат зголемување на капацитетот за прифаќање и одведување на атмосферските води, дополнителни сливници и интервенции на постојната канализациска мрежа. Нивната реализација треба трајно да ја подобри состојбата и значително да ја намали можноста за поплавување на овие локации.

Состојбата кај кружниот тек кај „Ист Гејт“ е значително покомплексна. Станува збор за една од најниските точки во овој дел од градот, кон која природно се слева голема количина вода од поширокото подрачје. Поради конфигурацијата на теренот и ограничениот капацитет за гравитациско одведување на водата, проблемот не може да се реши само со локална интервенција или со поставување дополнителни сливници.

За трајно решение би бил потребен многу поширок и комплексен инфраструктурен зафат, кој би опфатил реконструкција на поголем дел од атмосферската мрежа во овој реон. Градот Скопје ќе продолжи со редовно превентивно чистење и одржување на системот, но истовремено и со реализација на инфраструктурни решенија што ќе ја зголемат отпорноста на градот при сè почестите и поинтензивни временски непогоди“, велат од локалната самоуправа.

Покрај овие 3 стандардни локации, за време на последното невреме на 1 јули годинава беа поплавени и повеќе улици во Центар, Кисела Вода, Гази Баба и други скопски општини, каде, освен заглавени автомобили, имаше и откорнати дрва и гранки, паднати (делови од) покриви и др. Тогаш, скопскиот градоначалник Орце Ѓорѓиевски соопшти дека кризниот штаб и екипите на јавните претпријатија работат на терен.

Наспроти тоа, опозицијата реагираше дека поплавите се резултат на неспособноста на локалната самоуправа. Во тој правец, од СДСМ истакнаа дека невремето во Скопје донесе хаос и колапс, наведувајќи: „Граѓаните не можат ни до дома да стигнат. Неспособната локалната власт на ВМРО и Орце еднаш исплива на површина, а цената ја плаќаат скопјани…“.

Извор: zurnal.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Божиновска: „Чешка е наш докажан и значаен партнер, целта се конкретни проекти и инвестиции

Следно

Силен земјотрес од 6,7 степени го потресе Перу (ВИДЕО)

Latest from Blog

Силен земјотрес го погоди Нов Зеланд

Земјотрес со јачина од 5,1 степени според Рихтеровата скала денеска го погоди Нов Зеланд, соопшти Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар (EMSC). Епицентарот на земјотресот бил на Северниот остров, на длабочина од 280 километри и

Берзански промет од 11,4 милиони денари, најголем интерес за Комерцијална банка

Изготвен од Илирика Инвестментс АД Скопје врз основа на официјални податоци од Македонска берза. Тргувањето на Македонската берза на 15.10.2026 заврши со пад на индексот МБИ10, кој изнесуваше 9.056,22 поени. Во однос

Коњановски: Руралната жена е силата на Пелагонија и чувар на традицијата

Улогата на жените во земјоделството, зачувувањето на традицијата и можностите за современо производство беа во фокусот на манифестацијата „Рурална жена – силата на Пелагонија“, на која денеска присуствуваше градоначалникот на Битола, Тони

Вчера донесе голема победа во Рим, а веќе денес се шпекулира дека ќе го напушти Реал Мадрид?!

Антонио Ридигер би можел да го напушти Реал Мадрид на крајот од сезоната, а како една од можните дестинации се споменува Тотенхем. Искусниот германски дефанзивец има договор со „кралскиот клуб“ до летото

Мицкоски: „Кромберг и Шуберт“ го проширува производството, очекуваме над 400 милиони евра извоз

Компанијата „Кромберг и Шуберт“ започнува нов инвестициски проект во Битола за производство на автомобилски компоненти за „Ауди“, со кој се планирани 2.000 нови работни места во следните четири години, соопшти премиерот Христијан
Go toTop