Лабудовиќ: Со Билјана Ивановска имаме иста визија за Центар, верувам дека нејзините гласачи ќе ме поддржат на 2 ноември

October 25, 2025
1 min read

Кандидатот за градоначалник на Центар Мирослав Лабудовиќ е убеден дека мнозинството од граѓаните на Центар ќе му ја дадат довербата на 2 ноември да ја води општината во следниот четиригодишен мандат. Центарци сакаат промена, центарци не сакаат сликата што ја гледаат сега да им се повторува и во следните години. „Затоа верувам дека мнозинството од 68 отсто гласачи кои во првиот круг беа за промени, а не за задржување на постојното статус-кво, ќе излезат повторно и ќе ми дадат поддршка“, убеден е Лабудовиќ.

Основа за ваквата убеденост, тој гледа во фактот што неговата програма и визија за општина Центар се совпаѓа речиси целосно со визијата и залагањата на независната кандидатка Билјана Ивановска, која не успеа да се пласира во вториот круг, но освои сериозна гласачка поддршка од жителите на Центар.

-Со Билјана Ивановска практично имаме ист концепт и визија за Центар. Тоа го тврдам со целосна одговорност. Како показател ќе наведам дека на неколку предизборни дебати за најголемиот дел од прашањата и проблемите се надополнувавме со нашите ставови. Уште повеќе, по влегувањето во Општината, ќе бидат заедно советниците од сите партии и независни листи. Сите имаме заеднички делови од нашите програми, од што можеме да направиме еден сублимат, а тоа ќе бидат практично првите проекти што ќе се реализираат од новата општинска управа. Бидејќи, само сложна општина, надвор од партиските интереси и делби може да дојде до визијата која ја имам за Центар. А, таа не онаа што денес ја гледаме и тоа што ни се случува, потенцираше Лабудовиќ во во емисијата “Топ Тема“ на ТВ Телма, која наместо дебатна се претвори во интервју, затоа што актуелниот градоначалник Горан Герасимовски повторно го одбегна дуелот со Лабудовиќ.

Паралелно, Лабудовиќ со поддршка од коалициските партнери од ВМРО-ДПМНЕ ги продолжува интензивните средби со жителите од повеќе населби во Центар. На кои тој ги запознава непосредно со неговата програма и приоритетните проекти што планира да ги направи по неговиот избор за градоначалник на централната скопска општина.

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MARKETING

ЛОКАЛНИ ИЗБОРИ 2025

Претходно

Ѓорѓиевски: Ќе создадам силни и самоодржливи јавни претпријатија во Скопје

Следно

Камала Харис размислува повторно да се кандидира за претседател

Latest from Blog

Ѓурѓај му ја врачи наградата “Илинден” на претседателот на ФУЕН, Винце

Почесната награда ”Илинден” за 2025 година и беше доделена на Федералната унија на европските националности за заложбите и поддршката што ја дава за Македонците во Албанија. -Огромна чест ми беше во име

Димитриева: Време е за промени во Демир Капија, доволно беа овие осум години со водоводи кои не функционираат, улици кои се распаѓаат, затоа гласајте за бројот 9

Наталија Димитриева, кандидат за градоначалник за општина Демир Капија од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, се обрати на денешниот настан одржан во општината, под слоганот „Вистинскиот избор! Твојот човек! Твоето место! За твојата иднина!“,
Go toTop