Лабудовиќ обвини за брутална бетонизација: Дали Герасимовски ставил потпис на 80 нови дозволи за градба во Центар?

October 24, 2025
2 mins read

Кандидатот за градоначалник на Центар, Мирослав Лабудовиќ го впери прстот кон својот противкандидат во вториот круг од изборите – актуелниот градоначалник Горан Герасимовски, посочувајќи го како креатор на она што се случува во општината – а кое Лабудовиќ го нарече брутална бетонизација на Центар.

-Жалам што Герасимовски не e овде во студиото, би сакал да го прашам дали е точно дека веќе подготвил нови 80 дозволи за градба на кои ставил свој потпис“, јавно праша Лабудовиќ посочувајќи меѓу редови, дека бетонизацијата на централната скопска општина продолжува со несмалено темпо.

„Кога јас ќе станам градоначалник – правилата за градба, ќе мора да се почитуваат од почеток до крај – од изработката на проектната документација, особено во текот на градбата – дали инвеститорот го почитува проектот, без да отстапува милиметар од тоа што е запишано“, нагласи Лабудовиќ.

Истовремено, најави жестока битка за секој сантиметар јавен простор во интерес на граѓаните и јавно се обврза дека ќе инсистира на минималните 20 отсто зеленило околу објектот за секоја нова градба.

Во текот на неговиот мандат Мирослав Лабудовиќ потенцираше дека ќе бара и ќе изнаоѓа системски и одржливи решенија за сите проблеми во општината – нов пристап во сообраќајот кој ќе овозможи нормален тек, но и истовремено негово смирување, нов систем на паркирање со катни и монтажни и подземни гаражи, но и ослободени тротоари и многу пешачки зони – насекаде, а во тие рамки и Плоштадот Феникс што ќе биде спроти новата општинска зграда, а под нив 300 нови паркинг места. Задолжителна ревизија на сите урбанистички планови и изработка на нови во интерес само на граѓаните и со нивно вклучување во изработката.

Најави и енергетско-ефикасни фасади на сите училишта и градинки, како и на сите постари станбени објекти, вложување во иновации во образованието и во талентирани ученици, многу нови садници и дрвореди, зелени површини секаде каде што може да се формираат, но првенствено – темелно чистење на секоја педа и секој агол во Центар. Од име на општината ќе побара и сериозна поддршка за кошаркарскиот клуб Работнички.

Не стравува дека ќе се повтори случајот со Данела Арсовска во Скопје поради составот на Советот на Општината.

„Данела е лош пример, а јас секогаш стојам зад тоа дека се зависи од концептот и пристапот што го имате. Мојот ќе биде целосно отворен – со вклучување на сите советници, советнички групи и со отворена дискусија за сите понудени изборни програми – да се искористи тоа што е најквалитетно во нив, а потоа заеднички да се решаваат проблемите на граѓаните“, беше дециден Лабудовиќ, кој очекува секој член на Советот, по неговиот пример да ги тргне настрана партиските интереси и да се бори центарци да живејат поубаво, поконфорно, побезбедно и почисто.

„Тимот со кој заедно настапувам, програмата што ја нудиме и јас лично, со огромното професионално искуство – давам збор дека се тоа што сме го кажале и ветиле – ќе го исполниме. Бидејќи ми е важно да ја испочитуваме довербата од граѓаните. Не ветувам празни нешта, не ветувам една иста работа по два-три пати, туку кажувам дека тоа што го имам како визија, а тоа го имаат и сите центарци, не е ова што му се случлува денес на Центар. Затоа на 2 ноември излезете и гласајте за број два“, порача на крајот од своето гостување кандидатот за градоначалник Мирослав Лабудовиќ.

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MARKETING

ЛОКАЛНИ ИЗБОРИ 2025

Претходно

Четиринаесет годишен исламист избодел до смрт полицаец во БиХ- ќе оди 5 години во поправен дом

Следно

Следната сабота е Митровденска задушница

Latest from Blog

Џони Деп се враќа во кината, филмот е адаптација на класик од Дикенс (ВИДЕО)

Андреа Рајзборо се придружи на екипата, а студиото веќе закажа премиера на 13 ноември 2026 година, потврди „Дедлајн“. Сценариото е напишано од Натаниел Халперн, додека продуцентка е Ема Вотс. Нова адаптација на

Следната сабота е Митровденска задушница

Православните христијани следната сабота ја одбележуваат Митровденската задушница во знак на сеќавање на починатите. Црквата пропишала посебни денови – задушници, четирипати годишно, кога верниците се молат за покој на душите на починатите.

Четиринаесет годишен исламист избодел до смрт полицаец во БиХ- ќе оди 5 години во поправен дом

Пресудата за убиецот, кој имал само 14 години во времето кога бил индоктриниран од исламски радикализам, го извршил злосторството, ја донесе Општинскиот суд во Босанска Крупа, објавија јавниот сервис БХТ 1, како
Go toTop