Оригиналните филмови, објавени во два дела во 2003 и 2004 година, со Ума Турман во улогата на Невестата, се сметаат за класици на акциониот жанр.
Веста доаѓа во време кога се објавува нова, унифицирана верзија на сагата, насловена како „Убиј го Бил: Целата крвава афера“, како и анимиран краток филм „Одмаздата на Јуки“, направен во соработка со играта Fortnite, кој прикажува изгубено поглавје од оригиналниот филм, објави НМЕ.
На премиерата на краткиот филм, Тарантино рече кога беше прашан за иднината на франшизата дека има идеја, но дека во моментов е исцрпен од други проекти.
„Ќе видиме“, рече тој. „Ми се допаѓа идејата за приказна за потеклото на Бил. И трите „кумови“ кои го создадоа Бил: Естебан Вихаџо, Пај Меј и Хатори Ханзо. Дали ќе живеам доволно долго за да го направам тоа? Тоа останува да се види.“
Додека Ума Терман го пофали анимираниот краток филм како „навистина трогателен“, обожавателите беа покритични. Тие се пожалија дека култниот пикап „Pussy Wagon“ бил цензуриран и дека ликот Пили од играта Fortnite бил додаден во универзумот на филмот.
Извор: vecer.mk

