Курти: Имаме ненормални односи со Србија, потребно ни е меѓусебно признавање

January 7, 2023
1 min read

Курти за „Ал Џезира“ изјави дека илегални структури кои функционираат од 1999 година се претворени во криминални банди и нивната агресивност доаѓа од паниката бидејќи законот и редот никогаш не биле посилни на Косово

Косовскиот премиер Албин Курти во интервју за „Ал Џезира“ зборуваше и за состојбата на северот на Република Косово по отстранувањето на барикадите. На прашањето дали кризата завршила, Курти рече дека таа не може да заврши сè додека Косово и Србија имаат ненормални односи.

„Кризата не е завршена, Косово и Србија имаат ненормални односи. Ни треба договор за целосна нормализација на односите со взаемно признавање во центарот. Ние не ја признаваме Србија, Србија не го признава Косово, потребно ни е меѓусебно признавање“

рече Курти.

Прашан дали ѝ дал гаранција на Србија дека нема да се апсат Србите или дека нема да испраќаат сили на северот на Република Косово, Курти додал дека не може да дава ветувања и гаранции на криминалци кои имаат налози за апсење и кои се на црната листа на САД и Велика Британија.

„Единствената гаранција што ја даваме како демократска влада е еднаквоста за сите граѓани. Уставност во сите општини, на целата територија. Економски раст и социјална благосостојба што не исклучува никого. Демократски ветувања и гаранции. Не давам ветувања и гаранции на криминалци кои имаат налог за апсење или кои се на црната листа на САД и Велика Британија“

вели Курти.

Курти за „Ал Џезира“ изјави дека илегалните структури кои функционираат од 1999 година се претворени во криминални банди и нивната агресивност доаѓа од паниката бидејќи законот и редот никогаш не биле посилни на Косово.

Извор: 360stepeni.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Традиционален коњички марш на територијата на Ѓорче Петров

Следно

Честитка од Груби за Божиќ

Latest from Blog

Евакуацијата на македонските државјани од земјите од Блискиот Исток ќе започне во недела

Министерството за надворешни работи и надворешна трговија попладнево склучи договор со авиокомпанија, согласно Законот за јавни набавки, по спроведена соодветна постапка. Согласно утврдениот план и предвидената динамика, се очекува до средината на

Грците распоредија ракетни системи и авиони Ф-16 за да ја заштити Бугарија од можни ирански напади

Грчкиот министер за одбрана во петокот изјави дека ракетна батерија „Патриот“ и два борбени авиони „Ф-16“ ќе бидат распоредени на север од земјата за да помогнат во заштитата на Бугарија од можни

Валверде е спасителот на Реал против Селта

Екипата на Реал Мадрид вечерва со многу потешкотии успеа да дојде до трите бода и победата на гостувањето кај Селта откако постигна гол во последните секунди од мечот за конечни 1:2. Херој
Go toTop