Курти го прифатил европскиот предлог за прашањето на Белград и Приштина како добра основа

February 25, 2023
1 min read

Станува збор за предлог даден од страна на Франција и Германија кој в понеделник ќе биде тема на разговор помеѓу Курти и српскиот претседател Александар Вучиќ

Фото: EPA-EFE/MILAN KAMMERMAYER

Косовскиот премиер Албин Курти синоќа во телефонски разговор со високиот советник на Стејт департментот, Дерек Шоле, потврдил дека Приштина го прифаќа европскиот предлог за договор меѓу Косово и Србија.

„Премиерот во тој разговор го потврди својот став за европскиот предлог како добра основа за понатамошни разговори во насока на нормализација на односите. За нормални, европски и добрососедски односи, премиерот Курти истакна дека покрај заемното признавање во основа на договорот мора да се земат предвид и правата на националните малцинства“,

соопшти косовската Влада.

Станува збор за предлог даден од страна на Франција и Германија кој в понеделник ќе биде тема на разговор помеѓу Курти и српскиот претседател Александар Вучиќ.

Средбата ќе се одржи во Брисел, а домаќин на средбата ќе биде високиот претставник за надворешна политика на ЕУ, Жозеп Борел.

Според најавите од претходно, предвидено е Борел и специјалниот претставник на ЕУ, Мирослав Лајчак, да имаат одвоени средби со лидерите на Србија и Косово, по што ќе следува и заедничката средба.

Ова ќе биде прва средба на лидерите на Косово и Србија годинава по тензиите кои доминираат во односите од летото минатата година, а се одразија и на настаните на терен.

Извор: 360stepeni.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Уапсен дилер на дрога во Ѓорче Петров

Следно

Манасиевски: УМС му спреми пакетче на директорот на ФЗОМ, топка, сет кофички и лопатки за да си заигра на убавите песочни плажи на Атлантикот, додека тука системот крахира

Latest from Blog

ОД ПЕНЗИЈА – ВО КАБИНЕТ НА ПРЕМИЕРОТ: Поранешниот генерал на НАТО доби важна улога во Литванија

Литванскиот премиер Миндаугас Синкавичиус го назначи пензионираниот германски генерал-полковник Јирген Јоаким фон Сандрарт за свој советник за одбрана, објави денес владата на земјата. „Неговото знаење и практично искуство во зајакнувањето на одбраната

Божиновска: Инвестицијата во младите инженери е инвестиција во македонската иднина

Македонија има иднина, а нејзината иднина се младите, порача министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска по посетата на Машинскиот факултет, каде што беше претставен новиот болид на MES Racing.
Go toTop