Куманово ќе ечи од смеа, Започнаа Деновите на комедијата

September 25, 2024
1 min read

Вчера вечер пред преполната сала на Центар за култура Трајко Прокопиев во Куманово, свечено беше отворен и започна 27 по ред МТФ Денови на комедија Куманово 2024.

Првата Фестивалска вечер публиката имаше можност да ја погледа одличната претстава „Вечера за глупаци“ од Театар Велес која на крајот беше наградена со голем аплауз.

На отворањето на Фестивалот, вечерта му беше доделена и наградата „Васил Иљоски“ на актерот лауреат Сашко Коцев која се доделува за особен придонес во театарската дејност посебно во делот на комедијата. Фестивалот за отворен го прогласи и отвори градоначалникот на Куманово, Максим Димитриевски.

Денес во среда, на репертоар е Театарот од Охрид со претставата  „Секс лаги и љубомора“ од 20:00 часот.

На Фестивалот ќе се изиграат единаесет театарски претстави кои се во конкуренција за награди кои ќе се доделат на затворањето на фестивалот на 9 октомври. За наградите: најдобра актерка/актер, најдобра споредна улога женска и машка, најдобра режија, сценографија, костимографија и најдобра претстава одлучува стручна жири комисија.

ИЗВОР: racin.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MARKETING

Претходно

Општините како бунар без дно – Од претходната влада добија над 100 милиони евра, сега ќе го „ситнат“ унгарскиот кредит

Следно

На маргините на ГС на ОН: Одвоени средби на министерот Муцунски со МНР на Литванија и Мароко, Ландсбергис и Бурита

Latest from Blog

Масар Омерагиќ: Битола доби модерен стадион достоен за македонската репрезентација

Претседателот на Фудбалската федерација на Македонија, Масар Омерагиќ, изјави дека за рекордно краток период стадионот „Петар Милошевски“ во Битола е претворен во модерен спортски објект, достоен за националната репрезентација. „Кога зборовите стануваат

За Србија сојузот Косовски безбедносни сили и вооружените сили на Албанија е директна закана за државата и Србите

„Тоа е оската на политиката на приштинскиот режим, која со секој потег и нов чекор кон формирање на таканаречената голема Албанија е насочена кон Белград“, нагласи Петковиќ во соопштение. Како што истакна,
Go toTop