Куче застрела човек со сачмарка во грб- полицајците затекнале бизарна сцена

November 20, 2025
1 min read

Неименуван маж заврши во болница откако беше ранет, а полицијата објави детали за инцидентот.

Според официјален извештај, властите добиле пријава за пукање во вторникот околу 23:15 часот и информации дека 53-годишен маж претрпел прострелна рана во долниот дел од грбот.

Немало други сведоци

Додека патролите биле на пат кон адресата, дополнително биле информирани дека „куче скокнало на креветот и ја активирало пушката“?!

Кога полицијата пристигнала, го пронашла повредениот маж на подот, свесен. Тој објаснил дека кратко пред инцидентот ја чистел својата пушка, која потоа ја ставил на креветот.

Откако седнал до неа, едно од неговите кучиња скокнало на креветот, притискајќи го оружјето и предизвикувајќи пукање. Куршумот го погодил несреќниот маж директно во грбот, објавува ABC News.

Во куќата биле само мажот, неговиот син и уште две кучиња. Синот, според полицијата, не бил во истата соба кога се случила повредата.

Тој бил итно опериран

Пристигнала брза помош и го пренела мажот во блиската болница, каде што бил опериран. Еден ден подоцна, болничкиот персонал ја информирал полицијата дека пациентот ја претрпел првата интервенција, но дека се очекува да има уште една операција кон средината на неделата.

Степенот на неговите повреди не е познат до денеска, потврдија официјални лица.

Иако инцидентот во моментов се третира како „несреќа“, полицијата продолжува да истражува за да ги исклучи другите можности.

Извор: vecer.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

AUTO SHKOLLA BEKO

MATINA DENTAL CLINIC

Претходно

Бирмингем Сити најави изградба на нов стадион за 62.000 навивачи (ВИДЕО)

Следно

Дуа Липа опуштено во бикини покрај базен во Рио (ФОТО)

Latest from Blog

Бирмингем Сити најави изградба на нов стадион за 62.000 навивачи (ВИДЕО)

фото: Birmingham City (X) Англискиот второлигаш Бирмингем Сити добива нов стадион. Американската инвестициска компанија „Најтхед Капитал Менаџмент“, која поседува голем дел од клубот, денеска претстави слики и видеоматеријал што покажува како ќе

Украинските и европските претставници го отфрлија мировниот план на Трамп

Европските и украинските претставници денес го отфрлија новиот мировен план на американскиот претседател Доналд Трамп, за кој велат дека е во корист на Москва, предупредувајќи дека попуштањето пред Русија само ќе го

Љутков: Со проектот „Европска престолнина на културата“ ќе му го вратиме идентитетот на Скопје

Преку реализација на активностите од проектот европска престолнина на културата, ќе го трансформираме Скопје во еден урбан град и ќе му го вратиме идентитетот, изјави за МИА министерот за култура и туризам

Нови детали за изгорената зграда на „Вјесник“ во Загреб: Не приоѓајте, зградата е опасна!

Зборувајќи за возрастната група на лицата вклучени во истрагата, министерот прецизираше дека повеќето од нив се малолетници, а некои се млади возрасни лица. Тој исто така потврди дека лицата што ги испитува
Go toTop