Кривичниот суд се уште го нема прифатено обвинителниот акт за случајот Кочани

August 14, 2025
1 min read

Кривичниот суд се уште го нема прифатено обвинителниот акт за случајот Кочани оформен пред два месеци. Од Судот за ТВ 24 велат дека обвинението е доставено до сите осомничени и нивната одбрана, но разгледувањето на приговорите на обвинетите се уште трае. 

Јавно обвинителство

– Постапката е иста како во сите случаи, така е и за овој случај. Обвинението е пратено до сите обвинети, приговорите на нивните адвокати се разгледуваат и истите се доставени и до Јавното обвинителство.   

Дали Кривичниот суд ќе го прифати обвинителниот акт, судот ќе донесе одлука – откако ќе заврши целата процедура со приговорите поврзани со обвинението.

Во меѓувреме јавното обвинителство за организиран криминал се уште работи на предметот за осомничените полициските службеници за случајот Пулс – за кои постои сомнение за сторено кривично дело – тешки дела против општата сигурност.  

ОЈО ГОКК

– Во рамките на своите надлежности јавниот обвинител ги презема сите неопходни дејствија за расветлување на случајот меѓу кои сослушување на лица во својство на осомничени и во својство на сведоци, како и прибирање на други докази. По завршување на сите истражни дејствија, ќе биде донесена јавнообвинителска одлука, информираа од обвинителството за организиран криминал

Првиот човек на обвинителството Љупчо Коцевски, неодамна изјави дека на крајот од летото и за осомничените полициски службеници ќе се оформи јавнообвинителен акт 

Случајот Кочани еден од најтрагичните – со обвинети кои се товарат за тешки кривични дела ја потресе македонската јавност. Премиерот смета дека инстуциите преземаат мерки во борбата со криминалот и корупцијата, но со јавен обвинител како Коцевски не може да очекуваме резултатити, посочи премиерот. 

 

На обвинителната клупа во Кривичниот суд во Скопје ќе седнат 34 физички лица. Во обвинението се опфатени и трите фирми на сопственикот на дискотеката кој е првообвинет. Обвинетите се товарат дека со своето постапување или непостапување во системот – предизвикале катастрофа во дискотеката Пулс во Кочани која проголта 62 лица. 

За предметот пак што го води Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција осомничени се 27 полициски службеници.

Извор: 24vesti.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Реновирање на „Трауматологија и ортопедија“ – директорот ветува дека до крајот на октомври ќе завршат работите

Следно

Пожари во Европа и на Балканот

Latest from Blog

ПАДНА БУГАРСКА ВЛАДА: „Младите и старите го кренаа гласот за наша оставка“

Владата во Бугарија падна по бројните протести поради законот за буџетот. „Владата поднесе оставка. Нашата коалиција се состана и разговараше за моменталната состојба, како и за одлуките што треба да ги донесеме.

Милошоски: СДС нема проблем со мигрантите во Македонија бидејќи не постојат, има проблем со партиските мигранти кои им бегаат во други партии

На телевизија Канал 5 во емисијата „Само Интервју“ вечерва гостуваше пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Антонијо Милошоски кој истакна дека Македонија и Велика Британија имаат потпишено договор за инвестиции, соработка и проекти,
Go toTop