Красниќи: За четири години Косово изгуби над 210.000 жители

July 14, 2024
1 min read

Претседателот на најголемата парламентарна опозициска партија во Косово, Демократската партија на Косово, Мемли Красниќи, по објавувањето на прелиминарните резултати на пописот на населението, изјави дека се потврди оти за последните четири години Косово изгубило над 210 илјади жители, јави дописникот на МИА од Приштина.

Красниќи го нарече прелиминарниот резултат на пописот, кој во петокот го објави Агенцијата за статистики на Косово (АСК), како „лоша и многу болна вест“.

– Без да се впуштиме тука во точноста на објавените бројки, лоша и многу болна вест е што врз основа на официјалните податоци на АСК се потврдува дека само во последните четири години Косово загубило над 210 илјади жители, вели Красниќи во објава на неговата страница на Фејсбук.

Повикувајќи се на податоците на АСК, Красниќи рече дека е потврдено оти во 2020 година Косово имало 1.798.186 жители, додека сега Агенцијата ја објави „оваа тажна бројка од само 1.586.659 жители“.

– Граѓаните, особено младите во Косово, ја напуштаат државата! Или, подобро кажано, Владата ги напушти нив и нивните соништа. Оваа вест ги радува само оние кои не ѝ сакаат добро на нашата земја. Оваа бројка бара итна политичка акција. Нашите граѓани заслужуваат повеќе и подобро – во близина на своите семејства и во сопствената држава, порача Красниќи. (МИА)

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Меланија Трамп се огласи по неуспешниот атентат врз нејзиниот сопруг

Следно

Тошковски: Правиме се за гасење на пожарот во неготинско

Latest from Blog

Коњановски: Три нови спомен-соби за музиката, историјата и културното наследство на Битола

Музичка соба, Градска соба и Соба посветена на историјата на Офицерскиот дом се трите нови тематски простори што Битола ги отвори во чест на професорот Александар Стерјовски. Отворањето е дел од четвртоноемвриската

Трафигура, мнозински сопственик во проектот за рудникот „Иловица–Штука“, инвестира над една милијарда долари во американски рафинерии

Трафигура, мнозински сопственик на Еуромакс Ресоурцес, компанијата концесионер на проектот за рудникот Иловица–Штука, склучи стратешки договори со американската компанија CVR Energy за поддршка на нејзиното планирано преземање на две рафинерии во САД.

Проданоски: Честит 3 Ноември, вечна почит за хероите што ни оставија слободен Прилеп

Градоначалникот на Прилеп, Дејан Проданоски, упати честитка по повод 3 Ноември – Денот на ослободувањето на градот, оддавајќи почит на борците и повикувајќи на заедничка работа за подобри услови за живот и

ЖРСМ Транспорт: Препораките на ревизорите ги претвораме во конкретни мерки

ЖРСМ Транспорт АД – Скопје со целосна институционална одговорност постапува по препораките содржани во Конечниот извештај на Државниот завод за ревизија. Препораките ги прифаќаме како важна основа за унапредување на законитоста, транспарентноста,

Општина Битола: Промовиран филм за музичкото наследство на Ајри Демировски

Документарниот филм „Битола, мој роден крај“, посветен на животот, творештвото и споменот на Ајри Демировски, синоќа беше промовиран во рамките на програмата „Сите бои на сеќавањето“, со која се одбележува Денот на
Go toTop