Крајната десница зајакна на ЕУ изборите, поразени владеачките партии во Франција и Германија

June 10, 2024
1 min read

Европа сврте на десно – крајно радикалните партии остварија историски резултат, Европската Народна Партија е доминантна политичка сила, Макрон најави парламентарни избори во Франција, падна владата на Белгија.

Исходот од 4дневните избори во ЕУ и донесоа 185 мандати на ЕПП, во 720 члениот Европарламент. Втори се Социјал-демократите со 137 мандати, Либералите имаат околу 80 пратеници, Европските конзервативци 73, а крајната десница е расцепкана во неколку групи.

За мнозинство во Европскиот Парламент потребни се 360 пратеници, а допрва се очекуваат и новите коалиции.

– Во последните години гледаме дека во повеќе држави, екстремно десничарските партии се во подем, освојуваат се повеќе гласови и ова е прв пат тие да освојат толку гласови на европско ниво, што би го довело во прашање на класичното мнозинство Европската Народна Партија, Социјалистите и Центристичките партии, односно Либералите или Зелените, кои, барем досега беа оние кои ги креираа политиките во Европскиот Парламент. – вели Ана Крстиновска од ЕСТИМА.

Најголем пораз доживеа францускиот претседател Емануел Макрон, кој веднаш по резултатите најави избори на крајот на јуни. Екстремно десничарската партија на Марин Ле Пен освои два пати повеќе од гласовите на политичкиот блок на Макрон, кој освои околу15 отсто.

Тежок удар доживеа и германскиот канцелар Олаф Шолц, чија партија се најде на третото место, позади ЦДУ и екстремно радикалната АФД. Се доведе во прашање и легитимитетот на германската влада иако портпаролот на Шолц најави дека нема да има вонредни избори.

И додека ЕУ ја тресе политички земјотрес, досегашната шефица на ЕК, Урсула Фон дер Лајен се чини дека спрема терен за втор мандат, а италијанската премиерка Мелони денеска и порача дека е рано да се зборува за тоа.

– Фон Дер Лајен ќе ја има можноста за втор мандат,меѓутоа сепак останува да се види со кого таа ќе се реши да соработува и чија поддршка ќе ја бара, бидејки постојат повеќе натегања дали ќе се приклони кон конзервативците или ќе соработува со Мелони или пак има некој ултиматум од Социјалистите дека тие нема да соработуваат со неа доколку таа реши да соработува со конзервативните партии. Така што, во моментот мопже да се каже дека игрите се започнати. – вели Крстиновска.

Падна и владата на Белгија, земјата која во моментот претседава со ЕУ. Откако победи националистичката десничарска партија на Фламанците, актуелниот премиер Александер де Кро поднесе оставка.

Во Унгарија партијата Фидес, на Виктор Орбан освои најмногу гласови на европските избори, но нејзиниот настап беше најлош во изминатите години.

Во Грција партијата на Мицотакис извојува убедлива победа. Во Бугарија ГЕРБ на Бојко Борисов, но за прв пат и радикалната „Преродба“ ќе влезе во Европарламентот со 3ца пратеници.

Следната недела се очекува Лидерите на земјите–членки да седнат на заедничка маса за главните позиции во ЕУ – претседател на Европската комисија, претседател на Европскиот совет и новиот шеф за надворешна политика на ЕУ.

Извор: 24vesti.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Претседателот Ердоган во Анкара го пречека претседателот на Азербејџан Алиев

Следно

Средба Гаши – Агилер

Latest from Blog

Шефот на Меѓународната агенција за енергија предупредува дека глобалната економија е пред голема закана

– Ниту една земја нема да остане имуна на ефектите од оваа криза доколку ситуацијата продолжи да се движи во овој правец – рече Бирол во австралискиот град Канбера. Според него, кризата

Сиљановска-Давкова во посета црквата „Света Злата Мегленска“ во Загреб: Хрватско-македонските односи се инспирација за регионот

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, во рамки на официјалната посета на Хрватска, вечерва ја посети Македонската православна црква „Света Злата Мегленска“ во Загреб, каде што оствари средба со претставници на македонската заедница. Таа изрази

Вајц ја крена Софија на нозе со барањето да се разјасни вториот протокол

Амандманите за извештајот на Томас Вајц за Македонија во Европскиот парламент повторно запалија црвен аларм во Софија. Бугарската агенција БГНЕС објави подолга реакција во која оценува дека барањето Европскиот совет да каже
Go toTop