Средба Гаши – Агилер

June 10, 2024
1 min read

Претседателот на Собранието, Африм Гаши, денеска оствари средба со Ангела П. Агилер, амбасадорка на САД во Република Северна Македонија при што ги поздрави долгогодишните и силни билатерални односи меѓу двете држави и потоа ја нагласи важноста од одржување и натамошно зајакнување на овие односи кои се од заеднички интерес на двете земји.

Тој изрази благодарност, во име на државата, за континуираната поддршка што САД ја даваат на Република Северна Македонија што високо се цени во земјата. Силен столб во билатералната соработка претставува Декларацијата за стратешко партнерство меѓу Република Северна Македонија и САД од 2008 година како и Стратешкиот дијалог меѓу двете влади од 2022 година.

Претседателот Гаши истакна дека е многу важна улогата на Република Северна Македонија и Соединетите Американски Држави во промовирање на регионалната стабилност и соработка меѓу земјите од Западниот Балкан. Во тие рамки тој информираше дека Собранието на Република Северна Македонија претседава со Парламентарното Собрание на Процесот за соработка во Југоисточна Европа и од 18 до 20 јуни 2024 година во Собранието ќе се одржи 11-та Пленарна сесија на Парламентарното Собрание на Процес за соработка во Југоисточна Европа што претставува уште еден знак на посветеност на земјата за продлабочување на регионалната соработка.

 

Извор: 24vesti.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Крајната десница зајакна на ЕУ изборите, поразени владеачките партии во Франција и Германија

Следно

А не викате, а?

Latest from Blog

Над 23 милиони денари промет на Берзата, Комерцијална банка повторно најтргувана

Изготвен од Илирика Инвестментс АД Скопје врз основа на официјални податоци од Македонска берза. Тргувањето на Македонската берза на 24.09.2026 заврши со пад на индексот МБИ10, кој изнесуваше 8.784,13 поени. Во однос

Српски криминалци уапсени во „ВИЛАТА НА УЖАСОТ“ во Шпанија. Пронајдена е и соба за мачење

Шпанската национална полиција (Полиција Национал) разби опасна ќелија на српски организиран криминал што дејствувала по должината на брегот на Коста дел Сол, Кампо де Гибралтар и регионот Леванте, објави Ел Еспањол. Операцијата

Љатифи: Енергетската транзиција не може без силна и модерна мрежа

Енергетската транзиција не е повеќе избор, туку процес што мора да се спроведе без да се загрози стабилноста на електроенергетскиот систем, порача генералниот директор на МЕПСО, доц. д-р Бурим Љатифи, на меѓународната

Тоневски: Спортот ги обедини учениците во Пробиштип

Со спорт, дружење и натпреварувачки дух, во Пробиштип беше одбележана Европската недела на спортот. Општина Пробиштип, во соработка со основните училишта, организираше училишен спортски ден на кој учениците се натпреваруваа во баскет,
Go toTop