Ковачки: Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ во изминатите 100 дена покажа различност, реалзизира повисоки пензии и раст на плати

October 28, 2024
1 min read

Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ во изминативе 100 дена апсолутно покажа различност. Првото ветување сите што го зборувавме во предизборието беше покачување на пензиите за 5,000 денари законски тоа го направивме 2,500 сега и 2,500 денари во април. Тоа и понатаму ќе продолжи да расте и тоа е многу повеќе од тоа што го наследивме. Во буџетот немаше предвидено и пари за исплата на пензиите, истакна пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Драган Ковачки во гостување во емисија на Канал 5 ТВ.

Тој потенцира дека како втор проект е покачувањето на платите на наставниците укажувајќи „знаете дека во рок од 4 години владата се договори платите да растат до 46%“.

„Обезбедивме учебник за секое дете нешто што досега немаше. Ние дојде ред да се фалиме и гордееме со нешто што сосема беше нормално во изминатиот период кога нудевме компјутер за секое дете, а сега се доведовме во ситуација да нема учебник за секое дете и тоа го реализиравме да има учебни за секое дете“, рече Ковачки.

Тој истакна дека средствата за стимулација кон општините се насочени кон сите општини без разлика на политичката провиниенција.

„Премиерот потпиша договор со градоначалниците за поделба на средства за капитални инвестиции. 4 милијарди денари се во прашање, а верувам сумата ќе дојде до 6 милијарди денари. Тука не правиме поделба на општини на ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ, ДУИ итн., туку даваме на сите општини без разлика од која политичка провиниенција доаѓа“, вели Ковачки.

ИЗВОР: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Попов на 14. ораторска вечер „Петар Поп Арсов“: Овие млади луѓе се пример за тоа како треба да ја градиме нашата заедничка иднина во Македонија

Следно

„Законот за бранителите нема да помине“, вели Зекирија Ибрахими

Latest from Blog

МЕЛАНИЈА ВО ФУСТАН СО КУЛТЕН ЈУГОСЛОВЕНСКИ СИМБОЛ: Балканците веднаш препознаа и се воодушевени

Доналд Трамп и Меланија Трамп и оваа година, во пресрет на Божиќ, ја продолжија веќе воспоставената празнична практика на телефонски разговори, насочена пред сè кон децата и припадниците на војската. Повиците ги

Тоневски: Пониква има потенцијал за целогодишен планински туризам

Во Инфо-центарот на Пониква денеска се одржа работен состанок меѓу градоначалниците на општините Кочани и Пробиштип, Владко Грозданов и Тони Тоневски, посветен на унапредување на туристичкиот развој и поефикасно искористување на потенцијалите

Квалитетниот сон овозможува подолг животен век

Според најновото американско истражување недоволниот сон го скратува повеќе животниот век отколку исхраната, физичката активност и социјалните односи. Американските научници проценуваат дека околу 16 отсто од светската популација постојано пати од несоница,
Go toTop