Ковачевски: СДСМ не бега од коалициските договори, ќе има технички премиер Албанец сто дена пред избори

March 16, 2023
3 mins read

Премиерот и лидерот на најголемата опозициска партија ВМРО-ДПМНЕ се согласни дека техничка влада не е потребна, но се разидуваат во нивните проекции и желби за терминот за парламентарни избори. За Мицкоски крајна опција е мај или јуни годинава или, пак, следната година заедно со претседателските избори. Меѓутоа, Ковачевски не отстапува дека изборите ќе бидат во редовниот термин и тоа, како што вели, прво ќе се одржат претседателски, а по неколку месеци парламентарни избори

Премиерот и лидер на СДСМ, Димитар Ковачевски, вели дека нема ништо против да има премиер Албанец кој ќе ја предводи техничката влада сто дена пред избори.

Тоа, вели, не е ништо ново и беше објавено уште во 2020 година кога тогашниот лидер на СДСМ, Зоран Заев, и претседателот на ДУИ, Али Ахмети, постигнаа договор за формирање влада.

„За разлика од ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ ги почитува коалициските договори. Ова во однос на премиер кој ќе врши техничка улога ќе се случи кон крајот на следната година, во последните сто дена од мандатот на оваа влада пред изборите и уверени сме дека ние ќе ја добиеме поддршката од граѓаните и повторно премиерот ќе биде од СДСМ“,

изјави Ковачевски.

Техничкиот премиер, нагласи Ковачевски, има мандат само да ги спроведе изборите во текот на предизборниот период.

„Јас воопшто немам проблем, како што беше и тогаш соопштено, да има технички премиер кој е Албанец или припадник на која било друга етничка заедница што живее во државата бидејќи сметам дека етничка припадност не е професија туку професијата ја стекнуваме со знаење, вештина, работа, искуство. Ние сме имале и премиер Влав кој успешно ја водел државата. Затоа сметам дека секој што е професионален може да ја води владата особено во услови на технички мандат на владата кога единствено треба да се спроведат изборите со оглед дека имаме еден специфичен закон за влада во кој се предвидува 100 дена техничка влада“,

рече лидерот на СДСМ.

Кампања „Да! Тој доаѓа“ – ДУИ засега без појаснување, за Ковачевски тоа е само внатрепартиска кампања

Изјавата на Ковачевски за премиер Албанец доаѓа откако изминатите неколку дена ДУИ почна да ја форсира ова тема. Од вчера членови и активисти на партијата на социјалните мрежи споделуваат порака „Да! Тој доаѓа“. Од ДУИ засега официјално нема објаснување што значи кампањата односно дали таа се однесува премиер Албанец или на нешто друго. Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, за Канал 5 ТВ посочи дека со објаснување ќе излезат наредните денови.

Ковачевски, пак, не сакаше да го коментира тоа карактеризирајќи го како „политичка кампања“.

„Интерните кампањи кои ги прави ДУИ не би ги коментирал бидејќи тие се наоѓаат во процес на своја внатрешна политичка кампања во која излегуваат, нормално, и креативни слогани за кои сметам дека се дел од политичката кампања која ја водат како интерна и не се однесува на процесите во однос на функционирањето на Владата во целина“,

рече премиерот.

И Ковачевски и Мицкоски не сакаат техничка влада, но се разидуваат за терминот за избори

Во врска со техничката влада, Ковачевски излезе со став дека таа воопшто не треба ни да постои и оти ова решение е од период кога државата беше во криза.

„Тој коцепт на пржинска или техничка влада е договорен во услови кога Македонија беше оценета како заробена држава во кој државните институции беа партизирани и беа ставени во функција на една политичка партија што подоцна се докажа преку јавно објавени докази. Земја членка на НАТО, држава која претседава со ОБСЕ, држава на која ѝ е укажана чест заради нејзината стабилност преговорите помеѓу Косово и Србија да се одвиваат кај нас, сметам дека не треба да има ваков тип на влада пред изборите. Сепак, тоа е прашање на кое треба да се согласат сите политички партии и тоа би било некаков договор во однос на Изборниот законик и Законот за влада“,

рече Ковачевски.

На барањата на опозицијата за предвремени избори, тој уште еднаш одговори дека тоа нема да се случи и повтори дека тие ќе се одржат во редовниот термин во 2024 година. А, пред нив, ќе има претседателски избори со оглед дека мандатот на Стево Пендаровски истекува во мај, а на парламентот во август 2024 година.

„Прво ќе бидат претседателските избори на кои ќе победи кандидатот предложен од коалицијата предводена од СДСМ, а потоа и парламентарни избори на кои повторно оваа коалиција ќе формира проевропска Влада“,

додаде тој.

И лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, се согласува воопшто да нема техничка влада.

Зборувајќи на темата за премиер Албанец, тој порача дека не мора да има техничка влада туку да се оди директно на предвремени парламентарни избори во мај или најдоцна во јуни оваа година. Ако изборите не се одржат во овие термини, тогаш тие треба да бидат заедно со претседателските следната година, смета Мицкоски спротивно на ставот на Ковачевски за избори во редовните термини – прво претседателските, а потоа и парламентарните.

„Зошто велам последниот рок мај? Затоа што знаете, ако зборуваме за есенски избори, и овие луѓе овде (покажува кон бизнисмените кои беа на заеднички настан кон него) ги прашате дали сакате да имате есенски избори оваа година, а потоа претседателски избори следната година, бизнисот и државата да бидат во грч повеќе од 10 месеци, тогаш сигурно ќе ви речат – ве молам, немојте да правите такви глупости. Или сега направете предвремени избори или тогаш заедно во еден трошок нека бидат и претседателските и парламентарните“,

рече денеска претседателот на ВМРО-ДПМНЕ од Битола.

Доколку не успее порано да „извојува“ предвремени парламентарни избори, тие да се одржат неколку месеци пред редовниот термин односно заедно со редовните претседателски наредната година е теза што ВМРО-ДПМНЕ ја застапува подолг период.

Доколку тоа не се оствари, потпретседателот на партијата, Тимчо Муцунски, во последното гостување во „360 степени“ пред два месеци, не ја исклучи и опцијата ВМРО-ДПМНЕ да ги бојкотира претседателските избори.

„Секоја опција во тој момент е на располагање бидејќи нашата примарна цел е да ги заштитиме демократските процеси, но и да го заштитиме буџетот на државата“, рече тогаш Муцунски.

ИЗВОР: 360stepeni.mk

MARKETING

MARKETING

MARKETING

Претходно

Почина доајенот на македонското новинарство: Влезе во журналистичката историја како прва жена аналитичар за надворешна политика (ФОТО)

Следно

(ВИДЕО) Пожар во зградата на руската Федерална служба за безбезност во Ростов

Latest from Blog

Мицкоски: Оставката на Дамева не треба да биде исклучок – секој што нема да ја оправда довербата кај граѓаните треба да замине

Овој процес треба да биде динамичен. Секој оној кој нема да ги исполни очекувањата треба да биде чесен и да замине. Без разлика каква е неговата улога во општеството, посочи премиерот Христијан

Не доби Нобелова, но пранкерите го прогласија Заев за „херој на нивните шеги“ и најступиден политичар

Можеби не успеја да добие Нобелова награда, но признанијата за поранешниот македонски премиер, екс претседател на СДСМ и сива еминенција во сегашната гарнитура не престануваат. Дојде уште едно признание за Зоран Заев,

Резервите на злато на Албанија со највисока вредност во историјата

Резервите на злато во Централна банка на Албанија достигнаа вредност од 277,71 милиони евра, што претставува највисока вредност во текот на нејзината историја. Според официјалните податоци на Банката вкупната вредност во текот
Go toTop