Ковачевски: Ќе побарам еден експерт, кој работи на справување со сајбер нападите, да биде одликуван со државна награда

February 24, 2023
1 min read

За една од наредните државни награди ќе предложам еден од инженерите што работат на справување со сајбер нападите да биде одликуван со државна награда во име на сите инженери кои во овој период работат на спречување и на отстранување на последиците од сајбер нападите, вели премиерот

Според Ковачевски, заради успешното справување со овој напад, се потврдила неговата проценка дека директорката на Фондот, која постапувала исклучително професионално, е добар избор за директор на ФЗО, која директорско искуство имала и во Државниот инспекциски совет

Премиерот Димитар Ковачевски најави дека ќе побара еден од експертите што работат на справување со сајбер нападите да биде одликуван со државна награда во име на сите инженери кои во овој период работат на спречување и на отстранување на последиците од сајбер нападите.

Најавата на Ковачевски доаѓа по сајбер нападот што беше извршен врз системите на Фондот за здравствено осигурување, а со кој, според него, домашните и експертите од партнерските земји успешно се справиле за 14 дена.

„За 14 дена успеаја да го решат овој хибриден напад кој доаѓаше во системите на ФЗО. За вакви слични хибридни напади со сличен интензитет просекот за решавање во светот е 22 до 24 дена. Кај нас експертите го решија за 14. Главниот инженер што работеше на овој проблем поради исцрпеност, бидејќи работеше 24 часа на ден, сега е на боледување. За една од наредните државни награди ќе предложам еден од инженерите што работат на справување со сајбер нападите да биде одликуван со државна награда во име на сите инженери кои во овој период работат на спречување и на отстранување на последиците од сајбер нападите“,

изјави Ковачевски одговарајќи на новинарско прашање по неговата посета на на фабриката „Гересхајмер“.

Според Ковачевски, заради успешното справување со овој напад, се потврдила неговата проценка дека директорката на Фондот, Магдалена Филиповска-Грашкоска, која постапувала исклучително професионално, е добар избор за директор на ФЗО, која директорско искуство имала и во Државниот инспекциски совет.

„Што се однесува до Фондот за здравствено осигурување, исто така, може да ве информирам дека согласно со наодите на државната ревизија кои се од пред две години, Фондот има постапено и веќе се склучени договорите за набавка на сите потребни заштити во однос на вакви и слични напади што може да се случат. Но, овој напад се има случено пред да биде инсталирана опремата“,

рече Ковачевски.

Многу скоро, најави премиерот, во државата треба да дојде помошник-генералниот секретар на НАТО токму за сајбер напади и хибридни напади.

„Го договараме терминот на кој ќе разговараме за детали за соработката со централата на НАТО во Брисел, меѓутоа и со поединечните земји членки кои се понапредни во оваа област“,

рече тој.

Ковачевски рече дека има формирано посебно тело за справување со хибридни напади кое има поширок спектар на задачи. Тоа тело е под надлежност на Бирото за јавна безбедност, а во кое учествуваат експерти од Агенцијата за национална безбедност, Агенцијата за разузнавање, военото разузнавање, од Министерството за внатрешни работи и кои работат секојдневно на спречување, но и на градење системи за подолгорочна заштита.

ИЗВОР: 360stepeni.mk

Leave a Reply

Your email address will not be published.

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Собрани 38.555.035 денари за помош на Турција и Сирија

Следно

Турските разузнавачи го неутрализираа организаторот на минатогодишниот бомбашки напад во Истанбул

Latest from Blog

(ВИДЕО) Николоски: Ноќно видео од експресниот пат Градско Дреново

Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски на својот фејсбук профил објави видео од експресниот пат Градско -Дреново (Прилеп) и испрати порака: „Во пресрет на големиот празник Богојавление – Водици погледнете го

Фото: Шон Пен „уловен“во друштво со млада убавица

Како што објавија странските медиуми, ова е ретка можност заљубениот пар да се види заедно во јавноста, па затоа не е изненадувачки што нивното појавување привлече големо внимание  посебно на социјалните мрежи.

Македонците бараат поништување на одлуката на албанската Влада за отворање центри за мигранти во ОПШТИНА ПУСТЕЦ

Македонската заедница од Општина Пустец, преку партијата Македонска алијанса за европска интеграција (МАЕИ) ја изразуваат длабоката загриженост и силното противење во врска со одлуката на албанската Влада за отворање три прифатни центри

Серлот му донесе триумф на Атлетико Мадрид!

ФОТО: Atlético de Madrid/FB Атлетико Мадрид продолжи со серија добри резултати на домашен терен, славејќи во првиот натпревар по двонеделна пауза во шпанското првенство на „Ванда Метрополитано“ против Алавес со 1:0 во
Go toTop