Ковачевски: Братски отстапуваме пет министерства од СДСМ за ВМРО-ДПМНЕ

June 9, 2023
2 mins read

Сметав дека треба да се понуди едно широко обединување на политичката сцена бидејќи процесот на евроинтеграции е широк, за сите граѓани, и затоа понудив ВМРО-ДПМНЕ да е дел од Владата – прво да го отвориме Уставот со две третини, ВМРО-ДПМНЕ да влезе во Владата, и тоа 50 проценти од министерските места што ги има СДСМ да ги отстапи на ВМРО-ДПМНЕ. Сметам дека тоа е најфер, братски, пола-пола, за да може да види народот дека се работи за искрена намера – вели премиерот во интервју за „360 степени“

Премиерот и прв човек на СДСМ, Димитар Ковачевски, останува на ставот дека лидeрската средба со лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски била потребна, успешна и дека донела добри резултати.

Во гостувањето во „360 степени“ на ТВ Алсат, Ковачевски неколкупати повтори дека ВМРО-ДПМНЕ го променила ставот за уставните измени, но и дека се прифатени сите нивни барања. Затоа, вели премиерот, владејачкиот СДСМ братски ѝ отстапува пет министерски места на опозицијата.

„Сите можевме да се увериме дека после средбата, во изјава дадена за медиумите, ВМРО-ДПМНЕ го промени својот став и поддржува уставни измени кои значат вклучување на делови од народи во Преамбулата на нашиот Устав, вклучително и на делови од бугарскиот народ. И тоа е промена на позицијата којашто ВМРО-ДПМНЕ ја имаше. Второ, гледајќи го дискурсот на ВМРО-ДПМНЕ, сфатив дека тие сакаат да бидат дел од власта, дел од процесот и сметав дека треба да се понуди едно широко обединување на политичката сцена бидејќи процесот на евроинтеграции е широк, за сите граѓани, и затоа понудив ВМРО-ДПМНЕ да е дел од Владата – прво да го отвориме Уставот со две третини, ВМРО-ДПМНЕ да влезе во Владата, и тоа 50 проценти од министерските места што ги има СДСМ да ги отстапи на ВМРО-ДПМНЕ. Сметам дека тоа е најфер, братски, пола-пола, за да може да види народот дека се работи за искрена намера“,

кажа премиерот.

Премиерот смета дека со овие одлуки ќе се овозможи земјата да го продолжи европскиот пат.

„Тие (н.з. ВМРО-ДПМНЕ) го сменија својот став и дури со оглед на тоа дека процедурата го овозможува тоа, уставните промени што ќе се направат да важат од моментот на одржување на втората меѓувладина седница“,

кажа Ковачевски.

Прашан за разликата во ставовите меѓу ВМРО-ДПМНЕ, од каде што бараат уставните измени да важат одложено – од приемот на земјава во ЕУ, и ДУИ – од каде што велат дека се подготвени да не бидат дел од владата откако ќе се изгласаат и ќе стапат на сила уставните измени, премиерот одговори дека најголемата разлика ја гледа во промената на реториката во ВМРО-ДПМНЕ во однос на „бугаризацијата“.

„Прво, најголема разлика беше, која веќе не постои, обвинувањето и реториката на ВМРО-ДПМНЕ дека се прави бугаризација, асимилација, дека се нарушува идентитетот и така натаму на македонскиот народ со внесувањето на деловите од бугарскиот народ во Преамбулата на нашиот Устав. Цела година, од почетокот на усвојувањето на францускиот предлог, беше таа реторика, за после лидерската средба сите да се уверат дека тоа веќе е променет став кој е јавно искажан и уште еднаш на телевизиско интервју на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ со што веќе не постои, според ВМРО-ДПМНЕ, а никогаш не ни постоела таа опасност“,

рече Ковачевски.

ИЗВОР: 360stepeni.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Вечерва во 360°: Ковачевски смета дека преговорите со ВМРО-ДПМНЕ за деталите треба да продолжат на оперативно ниво

Следно

Чадот од Канада стигна до Европа, се чувствува во Норвешка

Latest from Blog

Проданоски: По половина век се обновува патот за Веселчани и Загорани

Се рехабилитираат три километри од локалниот пат што ги поврзува Веселчани и Загорани со регионалниот пат Прилеп – Битола, соопшти градоначалникот на Прилеп, Дејан Проданоски. Според Проданоски, делницата се обновува по 50

Битола петта година ги вклучува граѓаните во планирањето на општинскиот буџет

Жителите на Битола и околните населени места ги изнесоа своите предлози за општинскиот буџет за 2027 година на втората сесија од Буџетскиот форум. Меѓу темите беа инвестициите во Старата чаршија, санацијата на

„Охридско лето“ со три бесплатни концерти надвор од фестивалската сезона

„Охридско лето“ ја продолжува концертната програма и по завршувањето на летната фестивалска сезона. Националната установа најави три бесплатни концерти со меѓународни уметници – два во Скопје и еден во Охрид. Првиот концерт

Божиновска: Енергетската безбедност е неопходност, Македонија работи на нови правци за снабдување

Изградбата на гасниот интерконектор со Грција напредува, а завршувањето на македонската делница се очекува до средината на 2027 година. Поврзувањето со Србија е планирано за 2028 година, соопшти министерката за енергетика, рударство

Од каде доаѓа млекото за Млекара „Здравје“

Најголемиот дел од суровото млеко за Млекара „Здравје“ доаѓа од фармата на ЗК „Пелагонија“, а дел се откупува и од сточари во пелагониските и потпелистерските села. Зад млекото што пристигнува во млекарницата
Go toTop