Костовски: Бутел го менува изгледот на училиштата, нова и енергетско ефикасна фасада за „Петар Здравковски – Пенко“ (ФОТО)

November 25, 2025
1 min read

Градоначалникот на Општина Бутел, Дарко Костовски, заедно со директорката на училиштето, Мевлиде Елези Круези, одблиску ги следеа активностите за поставување на новата енергетски ефикасна фасада во Основното училиште „Петар Здравковски – Пенко“ во населбата Скопје Север.

Според Костовски, овој проект изнесува 11 милиони денари и претставува значајна инвестиција која ќе ги подобри условите за настава и истовремено ќе овозможи значителни заштеди на енергија.

Костовски исто така нагласи дека Општина Бутел континуирано инвестира во општинските основни училишта како никогаш досега, реализирајќи ги барањата кои произлегуваат од разговорите со родителите и наставниците.

„Ги подобруваме условите во нашите општински основни училишта и создаваме помодерна, побезбедна и поефикасна средина за нашите ученици,“ истакна Костовски.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

AUTO SHKOLLA BEKO

MATINA DENTAL CLINIC

Претходно

Видео: Диди во затвор

Следно

Теодосиевски: Соочување со себеси или – Па нека нѐ викаат и грне

Latest from Blog

Реал Мадрид без Куртоа на гостувањето против Олимпијакос

Стартниот голман на Реал Мадрид, Тибо Куртоа, нема да патува со тимот за утрешниот натпревар на гости против Олимпијакос во Лигата на шампионите, официјално објавија „кралевите“. Белгискиот голман има проблеми со стомакот

Советник на Трамп: Завојуваните страни во Судан сè уште не го прифатиле мировниот план

САД им презентираа на завојуваната суданска армија и паравоените Сили за брза поддршка (RSF) сеопфатен мировен план, но ниту една страна сè уште официјално не го прифатила, изјави денес американскиот пратеник и

Видео: Диди во затвор

– Погледнете како изгледа по повеќе од една година затвор. Во јавноста се појави видео од Шон Диди Комбс или популарниот Пи Диди од затворот Форт Дикс во државата Њу Џерси, на

Завршена изградбата на три нови игралишта на 629 м² во Битола

Во битолската месност Областа, на улицата „Нико Фундали“, завршена е изградбата на три нови современи игралишта на вкупна површина од 629,27 квадратни метри. Новиот спортско-рекреативен комплекс опфаќа детско игралиште, мало кошаркарско и
Go toTop