Концертот „Филхармонија на кирилица“ ќе се одржи без солитичкиот дел на пијанистката Нина Костова

January 20, 2025
1 min read

На концертот „Филхармонија на кирилица“ кој ќе се одржи в четврток, во 20 часот нема да настапи македонската пијанистка Нина Костова, која го откажа својот настап поради здравствени причини. Сите кои имаат купено билети за првичната програмата на овој концерт, а не сакаат да присуствуваат на променетиот концепт, може да ги вратат на билетарницата на Филхармонија.

Поради краткото време за наоѓање на друг солист, на овој концерт ќе биде изведена само симфониска музика и ќе оди во еден дел без пауза.

На програмата останува Симфонијата бр.2 во це-мол, оп. 29, оркестарско дело кое оддамна не прозвучело на нашата музичка сцена. Рускиот композитор Александар Скрјабин (1872-1915) бил музички гениј, филозоф, мистик и езотерик. Верувал во духовно божество кое го водело додека ја создавал својата музика со која сакал да го трансформира светот.  Создал инидивидуална филoзофска концепција чија симболика во себе ја носат сите негови дела создадени по романтичарската фаза, особено неговите симфонии.  Симфонијата бр. 2 во це-мол, Оп. 29, Скрјабин ја пишувал во периодот помеѓу 1901 и 1902 година. Во неа романтизмот е движечка сила, но воедно може да се почувстуваат и навестувања на мистични и трансцендентални мотиви, кои ќе станат доминантни во неговиот подоцнежен музички опус.

На програмата е и увертирата од операта „Хованшчина“од рускиот композитор Модест Мусоргски, напишана во периодот меѓу 1872 и 1880 година која носи поднаслов „Национална музичка драма“. Операта е позната по длабокиот емоционален сензибилитет типичен за опусот на Мусоргски, иновативната употреба на фолклорните елементи и претставува живописен портрет на руското општество.

ИЗВОР: racin.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

ДСЗИ ќе бара од Таравари формирање стручна комисија за лекувањето на деветгодишното дете

Следно

МФ: Исплатена Еврообврзницата во износ од 500 милиони евра издадена во 2018 година

Latest from Blog

Коњановски: Поголема улога на компаниите во развојот и општествениот живот на Битола

Иницијативата за формирање „Бизнис клуб Битола“, поддршката за Клиничката болница и поголемото вклучување на компаниите во активности од општествен интерес беа теми на работниот состанок на Регионалната комора со седиште во Битола.

Славески: Од следната недела до 15.000 денари неделно за подигање готовина од „АЛТА банка“

Од следната недела, неделниот лимит за подигање готовина и плаќање со картичките на „АЛТА банка“ АД Битола ќе се зголеми од 10.000 на 15.000 денари, најави гувернерот на Народната банка, Трајко Славески.

Проданоски: По половина век се обновува патот за Веселчани и Загорани

Се рехабилитираат три километри од локалниот пат што ги поврзува Веселчани и Загорани со регионалниот пат Прилеп – Битола, соопшти градоначалникот на Прилеп, Дејан Проданоски. Според Проданоски, делницата се обновува по 50

Битола петта година ги вклучува граѓаните во планирањето на општинскиот буџет

Жителите на Битола и околните населени места ги изнесоа своите предлози за општинскиот буџет за 2027 година на втората сесија од Буџетскиот форум. Меѓу темите беа инвестициите во Старата чаршија, санацијата на

„Охридско лето“ со три бесплатни концерти надвор од фестивалската сезона

„Охридско лето“ ја продолжува концертната програма и по завршувањето на летната фестивалска сезона. Националната установа најави три бесплатни концерти со меѓународни уметници – два во Скопје и еден во Охрид. Првиот концерт
Go toTop