Консултативна средба за предлог-Законот за донирање на вишок на храна во Кабинетот на претседателот

March 20, 2023
1 min read

Во Кабинетот на претседателот денеска сопругата на претседателот, Елизабета Ѓоргиевска беше домаќин на консултативна средба за предлог-Законот за донирање на вишок на храна.

На средбата присуствуваа министерката за труд и социјална политика, Јована Тренчевска, министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски, проф. д-р Александар Спасов, советник за надворешна политика, внатрешна политика и уставни прашања на претседателот, Светлана Томеска Мицкова, раководител на Секторот за ЕУ при Агенцијата за храна и ветеринарство, Кристијан Калинов и Мила Тасевска од иницијативата Ретвитни оброк и Тони Станковски, претседател на Здружението на граѓани „Љубезност“.

Изразувајќи ја својата поддршка за изготвувањето на овој предлог-закон, сопругата на претседателот истакна дека денешната средба е можност да се слушнат засегнатите страни меѓу кои се и иницијативата Ретвитни оброк и Здружението „Љубезност“ коишто ги познаваат елементите што би придонеле во изготвувањето на предлог-законот.

На средбата беше нагласено дека потребата од законски измени е со цел да не се фрла вишокот на храна, да не се прави отпад на храна, туку да се поттикне донирањето на вишокот храна, а се разговараше и за почетните активности во врска со подготвување на предлог-законот, како и за воспоставување на механизми и критериуми за регулирање на активноста на донирање храна.

Со Законот за донирање на вишок на храна се очекува поттикнување на одржливо менаџирање со храна кај сите субјекти во општеството, намалување на отпадот од храна, донирање на вишоците, како и подигнување на свеста за учество во процесите за намалување на сиромаштијата.

ИЗВОР: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MARKETING

Претходно

Во земјотресите во Турција загинаа над 50 илјади луѓе

Следно

Гатузо: Неумесно е да се споредуваат италијанските клубови со англиските

Latest from Blog

Над илјада загинати и само еден преживеан во огромно свлечиште во Судан

5 Во оддалечениот регион на планините Мара, во западен Судан, најмалку илјада луѓе загинаа во огромно свлечиште, соопшти бунтовничката група Движење за ослободување на Судан/Армија (The Sudan Liberation Movement/Army). Според нив, обилните

ФИФА не сака да го регистрира Лапорт во Атлетик (Б) затоа што Ал Наср задоцнил со договорот

ФИФА ја отфрли регистрацијата на Ајмерик Лапорт во Атлетик Билбао, затоа што Ал-Наср задоцни со испраќањето на деталите за трансферот. Претходно беше познато дека Шпанците се договориле и го завршиле трансферот на

Во кој период од денот жените се најрасположени за секс, а во кој мажите?

Се’ почнува од претпоставката дека сексуалната желба е под влијание на половите хормони кои се ослободуваат во текот на менструалниот циклус. Податоците покажуваат дека слободните жени се поактивни во почетната фаза од
Go toTop