Коњановски: Заеднички да најдеме решенија за онлајн насилството

December 3, 2025
1 min read

Подигнување на свеста кај младите за дигиталното насилство, токсичните онлајн врски, уцените и притисоците на социјалните мрежи беше во фокусот на настанот „Дигитална зона – безбедни тинејџери, без насилство“, организиран од здружението за развој на ромската заедница „Сумнал“.

Стручната јавност, претставници на институциите, невладиниот сектор и средношколци дискутираа за предизвиците со кои се соочуваат младите во онлајн просторот. Настанот се одржа во рамките на кампањата „16 дена активизам против родово базирано насилство 2025“.

„Овој настан е токму наменет за тинејџерите и проблемите со кои секојдневно се соочуваат во дигиталниот свет. Преку разговор и едукација, нивната безбедност може значително да се подобри“, истакна Фатма Бајрам Аземовска, претседателка на „Сумнал“.

Учесниците ги поздрави градоначалникот на Битола, Тони Коњановски, кој ја нагласи важноста од заедничко делување во заштитата на младите.

„Секое дете заслужува детство ослободено од насилство, експлоатација и злоупотреба. Денес, дигиталниот свет донесе нови предизвици, а детската безгрижност е се позагрозена. И како родител и како градоначалник се прашувам каде грешиме и како тоа да го поправиме“, рече Коњановски.

Тој потсети дека Општина Битола од крајот на 2022 година функционира со регионален советодавен Центар за жртви на семејно насилство врз жени и деца, каде се нуди психолошка, правна и кариерна поддршка.

На трибината свои излагања имаа претставници на полицијата, психолози, социјален работник, спортист и инфлуенсерка, кои говореа за ризиците, превенцијата и начините на реагирање при дигитално насилство.

Настанот заврши со практична симулација, во која учениците преку сценарија учествуваа во моделирање на правилни реакции во ситуации на онлајн притисоци и закани.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

AUTO SHKOLLA BEKO

MATINA DENTAL CLINIC

Претходно

Луѓето кои ја имаат најстарата крвна група се во подобра здравствена состојба од другите

Следно

Ји Хе станува ко-CEO на Binance: „Чест ми е да ја водам компанијата во нова фаза“

Latest from Blog

Запленет кокаин вреден 9 милиони долари во Австралија

Австралиските власти запленија кокаин во вредност од речиси 9 милиони долари откако пратката беше пресретната по пристигнувањето во Порт Ботани, Нов Јужен Велс, соопштија Австралиската федерална полиција (AFP) и Австралиските гранични сили

Ји Хе станува ко-CEO на Binance: „Чест ми е да ја водам компанијата во нова фаза“

Binance, водечкиот глобален блокчејн екосистем и најголемата светска берза за дигитални средства според обемот на тргување и бројот на корисници, денеска на Binance Blockchain Week објави дека нејзиниот ко-основач Ји Хе е

Петрушевски: Формирана Анкетната комисија за утврдување на околностите за трагедијата во Кочани и другите несреќи и трагедии

Денес, со 84 гласа „за“, без ниту еден против или воздржан, на предлог на ВМРО-ДПМНЕ, ВЛЕН и ЗНАМ, Собранието ја формира Анкетната комисија за утврдување на околностите за трагедијата во Кочани и

Коњановски: Хепенингот „Обоиме во пријател“ го донесе сонцето во Битола

По повод 3-ти декември, Меѓународниот ден на лицата со попреченост, Лајонс клубот Кабадаја организираше хуманитарен хепенинг под мотото „Сонцето свети за сите или обоиме во пријател“. Настанот, кој се одржа во Битола,
Go toTop