Коњановски: Спортот е инвестиција во здравата и успешна иднина на младите

June 4, 2026
1 min read

Во спортската сала „Боро Чурлевски“ во Битола денеска се одржа манифестацијата „Ден на спортот“, која се реализира во рамките на програмата „Спортски игри за младите“ – најголемата аматерска спортска манифестација за деца и млади во Европа со повеќе од 29 години традиција.

Настанот е наменет за ученици од основните училишта и има за цел да ги промовира масовното и бесплатното учество во спортот, инклузивноста, родовата еднаквост, здравите животни навики и фер-плејот.

Во текот на денот учениците се натпреваруваа во „народна“, атлетика – трчање на 60 метри, како и во повеќе други спортски дисциплини.

Градоначалникот на Општина Битола, Тони Коњановски, во своето обраќање истакна дека локалната самоуправа останува посветен поддржувач на младите, спортот и физичката активност.

„Општина Битола е една од општините која најмногу вложува во спортската училишна инфраструктура. Речиси и да нема училиште во кое не се реконструираат или изградени нови спортски терени, а во дел од училиштата се градат и современи типски спортски сали. Во завршна фаза е и изградбата на затворениот пливачки базен во ОУ „Даме Груев“, а континуирано инвестираме и во спортска опрема за наставата по физичко и здравствено образование“, рече Коњановски.

Тој нагласи дека ваквите манифестации имаат големо значење за поттикнување на младите кон активен и здрав начин на живот.

„Спортските игри за младите“ според бројот на учесници претставуваат најголем аматерски спортски настан во Европа и се реализираат под покровителство на Меѓународниот олимписки комитет, Европската комисија, УЕФА и ФИДЕ.

Во рамките на програмата се одржува и „Кока-Кола Куп“, најголемиот малоклупски фудбалски турнир во Европа, кој годинава се организира по дванаесетти пат.

На настанот присуствуваа и претседателот на Советот на Општина Битола, Бојан Бојкоски, како и секретарот на Општина Битола, Борче Димитровски.

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Еве кој клуб го урна рекордот и ќе има најмногу фудбалери на СП!

Следно

Битиќи: Нова манипулација на Мицкоски за БДП, со инфлација од 5,7% животниот стандард паѓа

Latest from Blog

ПОВИК ЗА ЕКСПОНЕНЦИЈАЛНО ШИРЕЊЕ НА НУКЛЕАРНОТО ОРУЖЈЕ, упати севернокорејскиот лидер

Севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун повика на експоненцијално проширување на нуклеарниот арсенал на земјата, објави државната новинска агенција КЦНА. Посетувајќи го новиот погон за производство на нуклеарен материјал, Ким рече дека производствениот

Николоски: Капиталните инвестиции носат видливи резултати во градежништвото

Градежниот сектор во првото тромесечје од 2026 година бележи значаен раст и останува еден од клучните двигатели на домашната економија, покажуваат најновите податоци на Државниот завод за статистика. Според статистиката, градежништвото пораснало

Битиќи: Нова манипулација на Мицкоски за БДП, со инфлација од 5,7% животниот стандард паѓа

Секој ден нова манипулација на власта во економијата. Премиерот Мицкоски прво ја прогласи Македонија за „третата најбрзорастечка економија во Европа“, а вчера ја спушти амбицијата на „првите пет земји во Европа според

Израелскиот министер Бен-Гвир го критикува договорот со Либан: „Сериозна грешка“

Израелскиот министер за национална безбедност Итамар Бен-Гвир, познат по своите тврдокорни ставови, остро го критикуваше договорот меѓу Израел и Либан, постигнат со посредство на САД, нарекувајќи го „сериозна грешка и пуста фантазија
Go toTop