Битиќи: Нова манипулација на Мицкоски за БДП, со инфлација од 5,7% животниот стандард паѓа

June 4, 2026
1 min read

Секој ден нова манипулација на власта во економијата. Премиерот Мицкоски прво ја прогласи Македонија за „третата најбрзорастечка економија во Европа“, а вчера ја спушти амбицијата на „првите пет земји во Европа според растот на БДП“, истакна на прес-конференција Фатмир Битиќи, пратеник од СДСМ.

И во едниот и во другиот случај, како што рече, станува збор за иста политичка намера, од една статистичка бројка да се направи економска бајка, додека граѓаните живеат во кошмарна економска реалност.

Економијата, според Битиќи, не се мери со самопофалби, туку со тоа што граѓаните реално можат да купат со својата плата – колку килограми овошје, колку месо, колку литри млеко, колку бензин, колку денови им се исполнети со достоинствен живот.

„Државниот завод за статистика објави раст на БДП од 3,1% во првиот квартал. Но истиот извештај покажува дека финалната потрошувачка има учество од дури 86,4% во БДП. Ова е клучен параметар на економијата кој премиерот вчера го премолчи.

Растот главно доаѓа од потрошувачката, а потрошувачката расте во услови на високи цени, односно инфлација.

Кога граѓаните плаќаат повеќе за истите производи, номиналната потрошувачка расте. Но тоа не значи подобар живот, тоа значи поскап живот“.

Битиќи појасни дека ко БДП расте 3,1%, а инфлацијата е 5,7%, тогаш цените растат побрзо од економијата.

„Во реалноста, граѓаните трошат повеќе пари, а дома носат помалку производи.

Владата може да слави проценти, но граѓаните секој ден бројат денари.

Премиерот зборува за раст, но не зборува дека храната и безалкохолните пијалаци се поскапени за околу 8% на годишно ниво. Не зборува дека инфлацијата во Македонија е 5,7%, додека во Европската Унија е 3,2%, а во еврозоната 3%. Што значи дека нашите граѓани се под посилен ценовен притисок од европските граѓани“.

Осврнувајќи се на индустриското производство кажа дека тоа во јануари било намалено за 6,6%, во февруари за 4,2%, а за првите четири месеци од годината растот е само 0,2%. Ова, како што оцени, повеќе личи на стагнација отколку на индустриски подем.

„Уште посериозно, бројот на работниците во индустријата во април е намален за 2,3%, а во првите четири месеци за 3%. Не може да се прогласува индустриски успех додека индустријата губи работници.

Градежништвото расте за 7,2%, но и тука приказната има друга страна. Цените на становите во Скопје во првиот квартал се повисоки за 16,7% на годишно ниво. Ако градежништвото расте, а домот станува сè понедостапен, тогаш растот на БДП не носи сигурност и достоинство“.

Вистински економски напредок, посочи Битиќи, има само тогаш кога граѓанинот со својата плата може да купи повеќе, да живее посигурно и да планира иднина без страв од висината на следната сметка.

Извор: zurnal.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Коњановски: Спортот е инвестиција во здравата и успешна иднина на младите

Следно

Николоски: Капиталните инвестиции носат видливи резултати во градежништвото

Latest from Blog

Баер Леверкузен има нов тренер

Досегашниот тренер на францускиот прволигаш Тулуз, Карлес Мартинес Новел и официјално е назначен за нов кормилар на екипата на Баер Леверкузен. Тој официјално ќе го преземе тимот на 1 јули, а потпиша

ПОВИК ЗА ЕКСПОНЕНЦИЈАЛНО ШИРЕЊЕ НА НУКЛЕАРНОТО ОРУЖЈЕ, упати севернокорејскиот лидер

Севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун повика на експоненцијално проширување на нуклеарниот арсенал на земјата, објави државната новинска агенција КЦНА. Посетувајќи го новиот погон за производство на нуклеарен материјал, Ким рече дека производствениот

Николоски: Капиталните инвестиции носат видливи резултати во градежништвото

Градежниот сектор во првото тромесечје од 2026 година бележи значаен раст и останува еден од клучните двигатели на домашната економија, покажуваат најновите податоци на Државниот завод за статистика. Според статистиката, градежништвото пораснало

Коњановски: Спортот е инвестиција во здравата и успешна иднина на младите

Во спортската сала „Боро Чурлевски“ во Битола денеска се одржа манифестацијата „Ден на спортот“, која се реализира во рамките на програмата „Спортски игри за младите“ – најголемата аматерска спортска манифестација за деца
Go toTop