Коњановски: Признанијата за учителите се признание за целото општество

December 12, 2025
1 min read

Градоначалникот на Битола, Тони Коњановски, денеска оствари средба со добитничките на признанието „Просветен работник на годината“ за учебната 2024/2025 година – Наташа Тодоровска, наставник по одделенска настава во ОУ „Ѓорѓи Сугарев“, и Аница Б. Златевска, психолог во ОУ „Коле Канински“.

Коњановски им честиташе за значајното признание доделено од Министерството за образование и наука и Сојузот на просветни работници, нагласувајќи дека ваквите награди се симбол на поширока општествена заложба за почит и вреднување на улогата на наставниците, воспитувачите и стручните соработници во образованието.

Тој истакна дека трудот на просветните работници е фундаментален за формирањето на идните генерации и дека локалната самоуправа ќе продолжи да ја поддржува нивната работа.

 

Признанијата се доделуваат во рамките на кампањата „Магијата е во знаењето“, која Министерството ја реализира по повод 5 Октомври – Светскиот ден на учителите, со цел истакнување на незаменливата улога на учителите и зголемување на општествената почит кон нив.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Македонско друштво “Илинден“-Тирана му посакува успешна кариера на Клодиан Брахо нов раководител на СПАК и очекува со приоритет да го истражи незаконското издавање на уверенија за бугарско потекло од албанските локални институции

Следно

Витаминка со Стоби Флипс и купувачите донираат 1.000.000 денари за СОС Детско село

Latest from Blog

Видео- фото: Ким Кардашијан доаѓа во „Fortnite“, го откри изгледот на својот лик

Таа сподели серија промотивни фотографии на социјалните мрежи, откривајќи го својот изглед во „Fortnite“ и промените во облеката и косата – познати како скинови – кои ќе им бидат достапни на играчите

Луксузна копија на „Наполеоновиот законик“ на аукција во Брисел

Станува збор за збирка правни текстови од почетокот на 19-от век, изработени по налог на тогашниот француски император Наполеон Бонапарта, со кои бил надополнет Францускиот граѓански законик. Според расположливите информации, постојат само

Просветление грешним

Кога ги читате и слушате сите локални магистерчиња и докторчиња, професорчиња и аналитичарчиња, новинарчиња и шефици на кабинети…, сите трагачи по „вистини“ и откривачи на „ѕверовите“ во нас и наоколу – а

Витаминка со Стоби Флипс и купувачите донираат 1.000.000 денари за СОС Детско село

Кампањата „Заедно за топол дом, љубов и грижа за секое дете“ што Витаминка ја реализираше преку Стоби Флипс, успешно заврши и резултираше со донација од 1.000.000 денари за СОС Детско село. Средствата
Go toTop