Коњановски: Подобри услови за децата со современ систем за греење во Битола

January 26, 2026
1 min read

Градоначалникот на Општина Битола, Тони Коњановски денеска беше во посета на детската градинка „Росица“, која е дел од ЈОУДГ „Естреја Овадија Мара“ и подрачното училиште „Коле Канински“ во населбата „Буковски ливади“, со цел да изврши увид во новопоставениот современ систем за греење со топлински пумпи.

Оваа јавна установа, како што информираше директорката Весна Лозановска, беше дел од реализацијата на проектот „ЕУ за чист воздух“, имплементиран од Канцеларијата за проектни активности на Обединетите нации (UNOPS) и Општина Битола.

Проектот „ЕУ за чист воздух“, покрај засадените 1500 садници, во два образовни објекти во градот кои што нема да бидат приклучени на системот за Топлификација, реализира поставување на топлински пумпи за греење и ладење на објектите. Еден од тие објекти е и објектот во наслебата „Буковски Ливади“, каде што се сместени градинката и училиштето.

 

Директорката Лозановска му ја објасни целосната постапка на реализација на проектот на градончалникот Коњановски и посочи дека со свои средства при реализација на проектот учествуваше и градинката „Росица“, која обезбеди дел од потребните зафати за поставувањето на топлинските пумпи.

Директорката на училиштето Дијана Толевска-Христовска изрази задоволство од реализацијата на проектот со што и учениците имаат уште подобри услови за следење на образовниот процес.

Градоначалникот Коњановски ја констатираше придобивката во однос на новиот поставен топлински систем и благодетта која ја имаат дечињата, кои ги посетуваат градинката и училиштето. Тој нагласи и дека како дел од проектот, општина Битола има обврска во наредниот период да постави нова енергестки ефикасна фасада, со што топлинските загуби ќе се сведат на минимум, а воедно ќе се зголеми и заштитата на животната средина.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published.

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

ChatGPT користи „Грокипедија“ како извор

Следно

Кристијано Роналдо оди во пензија, ама во…

Latest from Blog

Героски: „Во процесот за трагедијата во Кочани им се суди и на обвинетите и на начелата на законитост на постапката“

„Во процесот за трагедијата во Кочани им се суди и на обвинетите и на нивните бранители и на начелата на законитост на постапката“, пишува новинарот Бранко Героски во својата колумна посветена на

Комерцијална банка и Алкалоид најтргувани, МБИ10 со раст од 0,02%

Изготвен од Илирика Инвестментс АД Скопје врз основа на официјални податоци од Македонска берза. На денешната берзанска сесија од 26 јануари 2026 година, индексот МБИ10 бележи симболичен раст од 0,02%, достигнувајќи ниво

МВР ги објави деталите за казните преку системот „БЕЗБЕДЕН ГРАД“

Во насока на зголемување на безбедноста во сообраќајот и доследна примена на законите, Министерството за внатрешни работи ги информира граѓаните за прекршоците што се санкционираат преку системот „Безбеден град“ и предвидените глоби.
Go toTop