Денес, на покана на Унијата на жени и Комисијата за здравство при Општинскиот комитет – Битола, Тони Коњановски учествуваше на настанот „Во розово за живот – заедно против ракот на дојка“, кој се одржа во месецот на свесност за ракот на дојка.

„Како Градоначалник, но пред се како човек и доктор, како сопруг и татко, силно верувам дека секој од нас треба да ја носи пораката за превенција. Да ги охрабриме жените да се грижат за своето здравје, да бидеме поддршка едни на други, да зборуваме отворено и гласно за здравјето и да делуваме навреме“, истакна Коњановски.

Тој нагласи дека месецот октомври нека биде потсетник за важноста на редовните лекарски прегледи, бидејќи раното откривање на болеста може да спаси живот.
„Раното откривање спасува живот!“, порача Коњановски, повикувајќи на заедничка грижа, поддршка и свесност за здравјето на жените во Битола.