Screenshot

Коњановски: Од руина до модерен спортски центар – нов дом за битолските спортисти

October 15, 2025
1 min read

Кандидатот за градоначалник на Битола, Тони Коњановски, најави дека во градот е во тек изградбата и реконструкцијата на современ Центар за спорт и рекреација, проект кој ќе го промени спортскиот живот на битолчани.

Како што истакна Коњановски, овој проект, познат меѓу граѓаните како поранешната боксерска сала, е поддржан во првиот повик на Владата за капитални инвестиции и веќе се реализира на терен. Новиот објект ќе опфаќа површина од над 1.000 квадратни метри и ќе биде вреден повеќе од 40 милиони денари.

„Изградбата на овој центар претставува инвестиција во спортската иднина на младите. Новата сала ќе им овозможи на нашите боксери современи услови за тренинг, а ќе биде опремена и со карпа за качување за љубителите на авантуристички спортови“, изјави Коњановски.

 

Тој додаде дека со овој проект се гради иднина во која младите ќе имаат простор за спорт, здрав живот и заедништво. „Од една поранешна руина ќе изникне објект што ќе биде симбол на енергијата, духот и амбицијата на нашиот град“, нагласи Коњановски.

„Вистински избор е да инвестираме во спортот, во младите – тоа е инвестиција во иднината“, порача кандидатот за градоначалник на Битола.

Виеото може да го погледнете тука

Leave a Reply

Your email address will not be published.

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MARKETING

ЛОКАЛНИ ИЗБОРИ 2025

Претходно

Српскиот претседател ја пречека Фон дер Лајен пред Палатата Србија

Следно

Ѓорѓиевски: Секое дете заслужува шанса, секој наставник поддршка, секоја училница – иднина

Latest from Blog

Фото: Александра Пријовиќ за прв пат во јавноста по породувањето

Ѕвездата на регионалната музичка сцена присуствуваше на свадбата на својот колега, српскиот пејач Урош Живковиќ, во Белград, каде што блесна во елегантен фустан и привлече големо внимание од присутните. За оваа свечена

Нерешеното станбено прашање на Европа

Секој Европеец што во последниве години морал да се пресели веројатно се нашол сред истиов кошмар: Куќите и кириите се сè поскапи, сметките за комуналии се сè повисоки, а пазарната понуда на

Супермаркетите во Грција ги симнуваат цените на 2.180 производи по интервенција на Владата

Ова го објави генералниот директор на Сојузот на супермаркетите во Грција, Апостолос Петалас, по состанокот со министерот за развој, Такис Теодорикакис, јави агенцијата АНА-МПА. Иницијативата потекнува од Министерството за развој, а нејзината

Николоски: По локалните избори нема предвремени парламентарни, ќе има одговорност за злоупотребите

Вицепремиерот и министер за транспорт и врски, Александар Николоски, изјави дека по локалните избори нема да се одржат предвремени парламентарни избори, истакнувајќи дека Владата е стабилна и ќе го реализира целиот мандат
Go toTop