Screenshot

Коњановски на МЕФ 2026: Западен Балкан мора заеднички да ја спроведе праведната енергетска транзиција

June 2, 2026
1 min read

Градоначалникот на Битола Тони Коњановски денеска зборуваше на регионалниот форум за клима, енергетска транзиција и одржлив развој во Западен Балкан – МЕФ 2026 во Скопје.

Форумот се одржува со мотото „Унапредување на климатската отпорност и енергетската транзиција на патот кон COP31“, а организиран е во партнерство со Делегацијата на Европската Унија во Македонија и Министерството за животна средина и просторно планирање како една од најзначајните регионални платформи за климатска дипломатија во Југоисточна Европа.
Коњановски зборуваше на панелот на тема: Праведна транзиција и социјална инклузија.

Овој панел се фокусира на социјалните димензии на енергетската транзиција, односно како Патоказите за праведна транзиција и Платформата за инвестиции во праведна енергетска транзиција можат да се операционализираат за поддршка на регионите зависни од јаглен. Темите вклучуваат преквалификација на работната сила, економска диверзификација, социјален дијалог, партиципативно креирање политики и насочена поддршка за ранливите заедници. Со ставање на социјалната инклузија во центарот на напорите за декарбонизација, се зајакнува начелото дека амбицијата за климатските промени и социјалната кохезија мора да напредуваат заедно.

„Земјите од Западен Балкан се соочуваат со сличен проблем. Обврзани се да ја спроведат декарбонизацијата, но без средства од Фондот за праведна транзиција. Ваквата ситуација не води во барање на начини и можности за соработка со останатите општини. Оттука, постоењето на регионалните општински мрежи како Алијансата на зелени градоначалници во поддршката на локалните самоуправи е еден позитивен пример, преку кој заеднички можеме да побараме и решениеја, да размениме искуства, да видиме со кои проблеми се соочуваме при прицесот на праведна транзиција и декарбонизација. Очигледно, најголемиот проблем е економскиот фактор, односно вработените во термоелектраните и рудниците и новната иднина. Но, ова не е само економски проблем, туку пред се е социјален и затоа е многу важна социјалната инклузија во напорите за декарбонизација. Климатската амбиција и социјалната еднаквост мора да напредуваат заедно во постигнување на локално значајни резултати. Финансииските и политичките предизвици што се претпоставува дека е заеднички случај. Зелените проекти имат долг период на реализација а политичките циклуси се кратки. Да се обезбеди долгорочна зелена иднина“, истакна градоначалникот Коњановски.

Тој зборуваше и за проектот „Сончеви училишта“ на Фондацијата Отворено општество преку кој се поставија фотоволтаични централи на неколку училишта во Битола, како и за енергетската ефикасност на јавните загради и објекти.

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

УЕФА разгледува можно исфрлување на Олимпик Марсеј од европските купови

Следно

Млади спортисти од регионот доаѓаат во Прилеп на голем спортски настан

Latest from Blog

Комуналец Прилеп: Амфитеатарот во Варош добива нов лик пред летната сезона

Амфитеатарот во Варош добива нов и уреден изглед. Екипите на ЈКП „Комуналец“ Прилеп интензивно работат на негово комплетно реновирање, со цел просторот да биде подготвен за бројни културни, музички и забавни настани

УЕФА разгледува можно исфрлување на Олимпик Марсеј од европските купови

фото: Olympique de Marseille (X) Некогашниот европски шампион Олимпик Марсеј би можел да биде исклучен од европските натпреварувања поради пречекорување на ограничувањето за загуби. Според „Л’Екип“, нето загубите на клубот во текот

Димитриеска-Кочоска: Целосно отплатена еврообврзницата од 700 милиони евра издадена во 2020 година

2 јуни 2026, Скопје – Министерството за финансии денеска изврши исплата на 327,9 милиони евра (316,3 милиони евра за главница и 11,6 милиони евра за камата) со што  во целост е заокружено сервисирањето на обврската по Еврообврзницата издадена

ЕУ ГИ ЗАОСТРУВА ПРАВИЛАТА ЗА АЗИЛ – Се отвора патот за депортациски центри во трети земји

Европската Унија се подготвува за радикално заострување на својата политика за азил. Новата регулатива за враќање, која претставува клучен столб на големата реформа на ЕУ што целосно стапува во сила на 12
Go toTop