Коњановски: Гондолата на Пелистер е чекор поблиску до реализација

November 11, 2025
1 min read

Потпишан е договорот за изработка на физибилити студијата за изградба на гондолската жичница на Пелистер, проект кој локалната самоуправа го оценува како стратешки за развојот на туризмот во Битола и регионот.

Градоначалникот на општина Битола, Тони Коњановски, соопшти дека овој чекор претставува значајно движење напред во насока на реализација на еден од најважните планови за подобрување на туристичката понуда на националниот парк.

„Со потпишувањето на договорот се отвора патот кон конкретизација на проектот. Во текот на месец декември ќе следуваат активности за вклучување на сите засегнати страни: институции, експерти и граѓани, со цел заеднички да го обликуваме овој проект“, изјави Коњановски.

 

Гондолата на Пелистер се смета за долгогодишна желба на локалната заедница и туристичкиот сектор, со очекување дека ќе придонесе кон зголемена посетеност, нови содржини и подобрена пристапност до планинските атракции.

Проектот се наоѓа во фаза на анализи и процени, по чие завршување ќе се пристапи кон следните чекори за негова реализација.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

AUTO SHKOLLA BEKO

MATINA DENTAL CLINIC

Претходно

Бесплатен влез за натпреварот Македонија – Летонија на арената „Тодор Проески“

Следно

Тоневски: Нов почеток, нови идеи, нов развој на Пробиштип

Latest from Blog

Протест во Белград поради Лекс специјалис изгласан во Собранието за зградите на ГШ

Собраните на протест нагласија дека „нема мирно“ да го гледаат уривањето на тој комплекс и „газењето на Уставот и законот“.Тие додадоа дека ќе го „бранат со своите тела“ тој симбол на Белград,

Шешко не е посериозно повреден

sesko X Барем така велат информациите од таборот на Манчестер Јунајтед, кој потврдуваат дека најлошите сценарија за состојбата на словенецот, не се остварија. Сепак, дополнителните тестови ќе покажат прецизно за што се

ВИДЕО: Се урна турски воен авион на границата меѓу Азербејџан и Грузија

Турски воен транспортен авион Ц-130 се урна денес на границата меѓу Грузија и Азербејџан, соопшти турското Министерство за одбрана. Во објава на социјалните мрежи на министерството се наведува дека авионот полетал од Азербејџан кон

РЕЧЕНИЦИ КОИ МАЖИТЕ НЕ МОЖАТ ДА ГИ ПОДНЕСАТ: Неколку работи од кои им се „крева косата“

Постојат реченици кои се на врвот на списокот и кои можат, буквално, мажите да ги доведат до лудило. Мора да разговараме Мажите оваа фраза ја гледаат како навестување на можни проблеми. Дури

Сиљановска Давкова за извештајот на ЕК: Во извештаите техничката оценка понекогаш се презентира низ политичка призма

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова денеска истакна дека во извештаите на Европската комисија, државата која се евалуира може технички да напредува, но политички да е блокирана или техничката оценка понекогаш се презентира низ
Go toTop