Коњановски: Битола е градилиште, но и пример за модерна урбана трансформација

October 9, 2025
1 min read

Кандидатот за градоначалник на Општина Битола од ВМРО-ДПМНЕ, Тони Коњановски, во гостувањето на МРТ1 во емисијата „Локални избори 2025 – изборни соочувања“ зборуваше за реализираните и идните проекти, нагласувајќи дека новиот мандат ќе значи континуитет во развојот и унапредување на градот.

Коњановски потсети дека Битола во изминатите четири години била „едно големо градилиште“ и дека и понатаму ќе се инвестира не само во инфраструктура, туку и во културата, спортот и заштитата на животната средина – области што, како што истакна, ја дефинираат битолската традиција.

Во центарот на неговата програма се капиталните проекти за топлификација и изградба на прочистителна станица, кои се меѓу најзначајните за Битола.

 

„Проектот за топлификација е вреден над 40 милиони евра. Дел е веќе реализиран, направена е градска мрежа од 15,5 километри и уште толку кон РЕК Битола. Поврзани се 36 институции, а останува делот на станицата за дотоплување и отпочнување на активностите за Прочистителната станица,“ изјави Коњановски.

Тој додаде дека е рестартирано Меѓурегионалното јавно претпријатие „Пелалинк“, кое повторно е ставено во функција заедно со соседните општини Новаци и Могила.

„Пелалинк повторно функционира, ги користиме сите расположливи капацитети – минибуси, комби возила и електрични автобуси. Очекуваме од новиот владин повик Битола да добие уште 6 до 7 нови електрични автобуси,“ рече тој.

Коњановски се осврна и на еколошките мерки што се спроведуваат во градот:

„Проектот за топлификација решава дел од проблемот со загадувањето, но ќе продолжиме со мерки за подобар градски сообраќај. Размислуваме за затворање на централното градско подрачје за возила и обезбедување еколошки алтернативи за превоз. Субвенционираме инвертери, соларни колектори и енергетски фасади – десет училишта веќе имаат колектори, а до крајот на мандатот ќе ги имаат сите,“ додаде Коњановски.

На крај, тој нагласи дека Општина Битола има подготвени 65 проекти за кои се обезбедени средства и кои чекаат на реализација, со што, како што рече, ќе се заокружи визијата за модерна, енергетски ефикасна и зелена Битола.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MARKETING

Претходно

Проданоски: Ќе ја вратиме гордоста и животот во старата прилепска чаршија

Следно

Тони Тоневски: „Ќе создадеме услови младите да останат и да ја градат својата иднина во Пробиштип“

Latest from Blog

Мисајловски: Успешно имплементирани новите системи „Боран“, нашата Армија одлично обучена

Министерот за одбрана Владо Мисајловски денеска, заедно со началникот на Генералштабот на Армијата, генерал – мајор Сашко Лафчиски и амбасадорот на Република Турција, Фатих Улусој, присуствуваше на првото гаѓање со новите артилериски

Меџити најавува нови инвестиции и активности за развој на чаршијата во Чаир

Скопје, 9 октомври 2025 — Кандидатот за градоначалник на Општина Чаир од коалицијата ВЛЕН, Изет Меџити, денес го презентираше третиот столб на неговата изборна програма, фокусиран на преродбата на Старата скопска чаршија

Коњановски најави конкретни решенија за намалување на загадувањето во Битола

Тони Коњановски, кандидат за градоначалник на општина Битола, истакна дека локалната самоуправа продолжува со заложбите за енергетска ефикасност и заштита на животната средина, со цел создавање на почиста и поодржлива средина за

Проданоски најави трансформација на Прилеп во функционален и достоинствен град

Дејан Проданоски, кандидат за градоначалник на општина Прилеп, вечерва ги претстави своите планови за трансформација на градот истакнувајќи дека целта е Прилеп да стане функционален, уреден и достоинствен град „Време е Прилеп

Џенифер Анистон за мајчинството: Се обидувам да станам мајка веќе 20 години

Во интервју за новото издание на „Харперс Базар УК“, 56-годишната ѕвезда од серијата „Пријатели“ се осврна на коментарите дека не сака деца затоа што е „себична работохоличарка“, објавува „Дејли меил“. „Тие не
Go toTop