Изготвен од Илирика Инвестментс АД Скопје врз основа на официјални податоци од Македонска берза.
Во периодот од 29 декември 2025 до 2 јануари 2026 година, на Македонската берза беа реализирани 152 трансакции со вкупна вредност од 34.364.620 денари и 4.738 тргувани хартии од вредност . Тргувањето беше умерено, со зголемена активност кај финансискиот и фармацевтскиот сектор, при што индексот МБИ10 неделата ја заврши со благ пад од околу 0,14%, на ниво од приближно 10.054 поени. Индексот ОМБ остана стабилен на 129,44 поени, без забележителни промени на пазарот на обврзници.
Најтргувани хартии од вредност (официјален пазар)
Во текот на неделата беше реализирана една трансакција со државната обврзница „Р. Македонија – денационализација 21“, во износ од 84.637 денари. Останатите државни и корпоративни обврзници не бележеа промени, а индексот ОМБ остана стабилен на 129,44 поени.
Во последната недела од 2025 година и првата сесија од 2026 година, берзанската активност беше умерена, со вкупен промет од 34,36 милиони денари. Комерцијална банка и Алкалоид повторно беа најликвидни хартии, додека ТТК Банка и Макпетрол забележаа најголем пад. Индексот МБИ10 остана стабилен со многу благ пад од 0,14%, додека обврзничкиот пазар остана со ограничена активност, што ја одразува смирената завршница на 2025 и внимателниот старт на 2026 година.


