Ќе се детронизира ли доларот?

March 28, 2023
2 mins read

Да почнеме со најживописниот момент од оваа приказна. Претседателот на Кенија деновиве ги повика граѓаните на таа држава да се ослободат од доларите што ги имаат. Вилијам Руто предвидува дека глобалниот пазар драстично ќе се смени во наредните неколку недели:

Некои уште на времето предупредуваа дека неумоливиот раст на Кина и нејзината цел да го промовира јуанот како светска валута ќе ја детронизира американската империја.

„Завршува времето на американско печатење пари. Повеќето конфликти и хаосот што се случува денес во светот е резултат на тоа што американската империја пробува да го спречи неизбежното,“ пиша Ким Дотком пред една година.

Главно, го исмеваа. Денес, поранешниот втор човек во американското министерство за финансии, Моника Кроули, предупредува дека на глобалната економија се создаваат услови за „совршена бура“ која може да значи крај на доларот.

Во рамките на БРИКС (Бразил, Русијa, Индија, Кина и Јужна Африка), одамна се зборува за напуштање на петро доларот. Тоа друштво стана уште поопасно за владеачките Г7 откако и Кралството Саудиска Арабија изрази желба за придружување а Иран и Алжир се на пат да се приклучат (види: Кинеско добредојде за Саудиска Арабија во БРИКС).

Деновиве, Саудиска Арабија дополнително ги зајакна односите со Кина потпишувајќи два, милијарди вредни договори со Пекинг.

Прво, државниот саудиски гигант Арамко во следните 20 години на две кинески рафинерии ќе им обезбедува 690.000 барели сирова нафта дневно. Второ, за 10% од кинеската рафинерија Ронгшен Петрохемикал ќе даде 3,6 милијарди долари. 

Притоа, Саудиска Арабија во повеќе наврати нафрла дека размислува да го прифати јуанот наместо доларот како средство за плаќање за својот нафтен извоз во Кина.

„Не можам да ви доловам колку катастрофално ќе биде за нас ако доларот го изгуби статусот на глобална резервна валута,“ вика Моника Кроули.

Иако уште Ричард Никсон го напушти златото како покритие за доларот, американската валута го имаше статусот на безбедно средство за плаќање заради силината на американската економија и фактот што глобалната трговија со нафта се одвива во долари. 

Доколку Саудијците навистина почнат да прифаќаат други валути, тоа ќе предизвика имплозија на глобалниот економски систем, особено на американскиот.

„Ако тоа се случи ќе видиме инфлација до небо, споредлива со онаа која беснееше во Вајмарската република. Ако мислите дека ова денес е инфлација, чекајте само да видите…“

„Уште поважно, ќе ја изгубиме нашата економска доминантност и статусот на супер-сила“, паничи Кроули.

На крајот на прилогот таа го спомнува она што во поднасловот го најавивме како поопасно од опасното. Дека глобалното превирање и кризата (ќе) се користат само за да се забрза постоечката идеја за воведување централизирана дигитална валута која ќе се претстави како единствен спас. 

Дури тогаш државата ќе стави шепа врз секој остаток од приватност и слобода која денес постои бидејќи таа не само што ќе има увид, туку и контрола врз луѓето, она што го поседуваат, како живеат и како размислуваат. На пример, еден ден ќе ѝ текне парите што ги имате да ги поврзе со вашиот личен „дигитален футпринт“ на што исто така се работи:

За тие работи, на долго и широко пишувавме во статијата „Краток излет во зајачката дупка“.

 

 

ИЗВОР: off.net.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

AUTO SHKOLLA BEKO

MATINA DENTAL CLINIC

Претходно

Грчка полиција: Разбиена „терористичка мрежа“ што планирала напади

Следно

Најмалку 39 мигранти загинаа во пожар во близина на границата меѓу Мексико и САД

Latest from Blog

Неделна финансиска слика: инвеститорите во режим на претпазливост

Последната недела донесе силни осцилации на глобалните и крипто пазари, бидејќи контрадикторните пораки на Федералните резерви на САД создадоа нов бран на неизвесност. ФЕД ги намали каматните стапки за 25 базични поени

Членките на ЕУ постигнаа прелиминарен договор за климатските цели за 2040 година

Според усогласениот компромисен став, останува првичната цел предложена од Европската комисија за намалување на емисиите на стакленички гасови до 2040 година за 90 отсто во однос на нивото од 1990-та, но на

Видео-Тузла: Во пожар во Дом за пензионери во Тузла 11 загинати и 35 повредени лица

Во пожарот што синоќа зафати дел од Домот за пензионери во Тузла смртно настрадаа 11 лица, а меѓу повредените има и припадници на спасувачките екипи, посочуваат прелиминарните информации од Управата на полицијата

Божиновска за еМагазин: Скопската декларација поставува конкретни чекори кон зелена и стабилна енергетска транзиција

Во современото живеење, отпорен енергетски систем не значи само повеќе производство, туку паметна комбинација од безбедност на снабдувањето, економска достапност и еколошка одржливост. Токму оваа зелена транзиција беше во фокусот на 14.
Go toTop