Кинескиот претседател Си Ѓинпинг од денеска е во посета на Русија

March 20, 2023
2 mins read

Двајцата лидери, како што соопштуваат од Кремљ, ќе разговараат за тематски прашања за понатамошен развој на сеопфатни партнерски односи и стратегиска соработка меѓу Русија и Кина

Кинескиот претседател Си Ѓинпинг од денеска до 22 март ќе престојува во државна посета на Русија на покана на рускиот претседател Владимир Путин, а фокусот на средбата, според официјален Кремљ, ќе биде ставен на натамошниот развој на партнерските односи меѓу двете земји.

„Двајцата лидери ќе разговараат за тематски прашања за понатамошен развој на сеопфатни партнерски односи и стратегиска соработка меѓу Русија и Кина“,

соопшти Кремљ.

Портпаролот на кинеското Министерство за надворешни работи Ванг Венбин рече дека целта на посетата е дополнително продлабочување на билатералната доверба и додаде дека шефот на кинеската држава ќе размени мислења со Путин за клучните меѓународни и регионални прашања.

За време на посетата се очекува да бидат потпишани повеќе билатерални документи.

Според портпаролот на Кремљ, Дмитри Песков, најпрво е планирана средба во четири очи меѓу Путин и Ѓинпинг, а потоа и заедничка вечера. За вторник се планирани разговори во проширен круг.

За кинескиот лидер Си Ѓинпинг посетата на Русија и средбата со претседателот Владимир Путин е можност да го покаже растечкото дипломатско влијание на Кина на светската сцена и нејзината амбиција да го оспори глобалниот поредок предводен од САД.

Пекинг ја означи посетата како „патување на мирот“, каде што Ѓинпинг треба да „игра конструктивна улога во промовирањето на мировните преговори“ за војната во Украина.

Пред посетата на Ѓинпинг на Москва, неговиот руски колега Владимир Путин рече дека Русија е благодарна за „добро избалансираниот“ став на Кина за војната во Украина.

Во изјава објавена пред средбата на двајцата лидери, Путин вели дека посетата на Си го потврдува руско-кинеското партнерство.

„Имам големи очекувања за претстојните преговори“,

рече Путин додавајќи дека пријателството меѓу двете земји постојано се зацврстува.

Рускиот претседател рече дека Пекинг и Москва ги координираат своите надворешнополитички позиции за да им се спротивстават на заедничките закани.

„Благодарни сме за кинеската линија на рамнотежа во однос на настаните во Украина, за разбирањето на нивната заднина и вистинските причини. Ја поздравуваме подготвеноста на Кина да да даде значаен придонес во решавањето на кризата“,

рече Путин.

Тој додаде дека Москва е загрижена поради неодговорните и опасни дејствија кои ја загрозуваат нуклеарната безбедност и повика на укинување на санкциите. Русија е отворена за политичко и дипломатско решение на украинската криза, вели Путин, но повторува дека не може да има разговори за мировниот процес без да се земат предвид геополитичките реалности.

Посетата на Ѓинпинг на Кина е негова прва по речиси четири години. Кина официјално не ја осуди руската инвазија на Украина, но досега главно се придржуваше на санкциите кон Москва. Официјален Пекинг, исто така, сигнализира дека евентуална руска употреба на нуклеарно оружје е неприфатлива.

Посетата на Ѓинпинг на Москва беше официјално потврдена во петокот. Неколку часа по најавата, Меѓународниот кривичен суд издаде налог за апсење на рускиот претседател Владимир Путин за наводно воено злосторство – присилна депортација на украински деца во Русија.

Извор: 360stepeni.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Изречени 145 казни за брзо возење низ скопските улици

Следно

Кина: МКС треба да избегнува „двојни стандарди“ по налогот за Путин

Latest from Blog

Николоски: Конкурентните цени и подобрата инфраструктура го поттикнуваат извозот

Владата продолжува да го стимулира извозот, затоа што тоа е прв приоритет за домашната економија. Имаме конкурентни цени, конкурентен транспорт, но тој треба да се оддржува. Бараме билатерални решенија со земјите во

Димовски: Изборите во Бугарија може да бидат пресврт за односите со Македонија

Изборите во Бугарија се поважни за иднината што Македонија сака да ја гради, иако случувањата во Србија привлекуваат поголемо внимание, оцени Илија Димовски во гостувањето во „Тема на денот“ на Сител. Поранешниот

КРИВИЧНИОТ СУД СКОПЈЕ СО ПОЗИТИВНИ ПРАКТИКИ ПРЕПОЗНАЕНИ ВО ИЗВЕШТАЈОТ НА ОБСЕ

На покана на Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ), Претседателката на Основен кривичен суд Скопје – судија Даниела Димовска, шефицата на специјализираното судско одделение надлежно за судење на дела од

Македонски Концепт: Прославувањето на српското освојување на Македонија е навреда за македонскиот народ

Македонски Концепт изразува остро противење на прославите на Зебрњак, со кои се велича српската воена победа од 1912 година, по која следува воспоставување српска окупаторска власт врз Вардарска Македонија и жесток српски

Димовски: На регионот му треба поблиско економско партнерство со ЕУ

Западниот Балкан треба да разгледува можности за поблиско економско интегрирање со Европската Унија, наместо целокупните очекувања да ги врзува за брзо политичко членство, оцени Илија Димовски во „Тема на денот“ на Сител.
Go toTop