КФОР го одби барањето на Белград за враќање на српските безбедносни сили во Косово

January 8, 2023
1 min read

КФОР го одби барањето на Белград за враќање на српските безбедносни сили на територијата на Косово и Метохија, објави српскиот претседател Александар Вучиќ во гостувањето на „ТВ Пинк“.

„Ми се чини дека сите го знаевме и го очекувавме тој одговор. Тие одговорија, секако, дека сметаат дека нема потреба од враќање на српската армија и вооружените сили на Република Србија на територијата на територијата на КиМ, повикувајќи се на резолуцијата 1244. Знаеа дека немаат на што да се повикаат, потоа се повикаа на одредена законска рамка“, рече српскиот претседател.

Вучиќ вели дека одговорот на КФОР пристигнал на Бадник.

„Добро би било на Бадник да дадат позитивен одговор, тогаш знаете дека не е случајно. Згрешиле што напишале „внимателно следиме“, но со јасна политичка конотација… Внимателно следат што е што се случува на север, а само два часа претходно било пукано врз момчињата“, додава тој.

„Истрелите беа на југ, не е ваше место да се грижите за барикадите, туку за безбедноста на Србите на цело Косово. Тоа се случи на југ, а тие го спомнаа само северот. Нивното раководство се грижи само за политички решенија, за нивните решенија за иднината, а не за вистинска безбедност“

Вучиќ вели дека Србија и претстои тежок период и додава дека се што се случува е резултат на атмосферата што Албин Курти ја создава кон српскиот народ.

„Ќе имаме важни разговори. “, истакнува претседателот.

Притоа, Вучиќ рече дека за време на Новата година Белград бил „како Казабланка“ кога станува збор за бројот на странски агенти кај нив.

„Постигнавме рекорд – во приватни сместувања, куќи, згради. Таков број на шпиони од 20 декември до 5 јануари не е забележан од Втората светска војна. Очигледно е дека многумина подготвуваа секакви работи“, рече Вучиќ.

ИЗВОР: kurir.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Денес се празнува втор ден Божиќ – Собор на Пресвета Богородица

Следно

Жан Митрев со честитка за Божиќ: Им простувам на ИРЛ, ќе ја повлечам тужбата против нив

Latest from Blog

Проданоски: Буџетот за 2027 година го креираме со предлозите на прилепчани

Општина Прилеп ги заврши средбите со сите урбани заедници во градот во рамките на консултациите за подготовка на Буџетот за 2027 година. Градоначалникот Дејан Проданоски најави дека процесот продолжува со средби со

Николоски: Од 1 јануари само Државната лотарија ќе може да организира онлајн игри на среќа

Владата го измени Законот за игри на среќа, со кој јасно се ограничува организирањето на игри на среќа. Само Државната Лотарија ќе може да организира игри на среќа, дополнително се воведе ограничување

Божиновска: По три децении зависност од еден гасен правец, Македонија работи на нови врски со соседите

Македонија три децении зависела од само еден правец за снабдување со природен гас, а новите поврзувања со соседите треба да ја намалат таа зависност, порача министерката за енергетика, рударство и минерални суровини,

Битола не ги заборава своите херои: Одбележана 82-годишнината од формирањето на Првата егејска македонска ударна бригада

Во Битола свечено беше одбележана 82-годишнината од формирањето на Првата егејска македонска ударна бригада, со положување свежо цвеќе, оддавање почит и пригодна културно-уметничка програма. Одбележувањето се одржа пред спомен-плочата кај Територијалната противпожарна

Божиновска: Гасните врски со Грција и Србија се приоритет за посигурно снабдување

Гасните интерконектори со Грција и Србија, Вертикалниот гасен коридор и повторното ставање во функција на продуктоводот Солун–Скопје се меѓу проектите со кои Македонија работи на посигурно снабдување со енергија. Ова го истакна
Go toTop