Принцезата
од Велс, Кејт Мидлтон, денеска го одбележа својот 44. роденден со објава на
видео во рамки на серијата „Мајка природа“, во кое им се заблагодари што ја
преживеала борбата со ракот.
Видеото
„Зима“, последниот дел од едногодишната серија, ја прикажува принцезата за
време на утринска прошетка во Беркшир, во близина на нејзиниот дом во Виндзор,
додека преку лична нарација ја опишува својата поврзаност со природата и
начинот на кој таа ѝ помогнала за време на закрепнувањето, пишува „Дејли мејл“.
Во видеото,
принцезата зборува за „стравовите и солзите“, но и за благодарноста што
преживеала и што преку природата пронашла внатрешен мир.
Кенсингтонската
палата нагласи дека серијата „Мајка природа“ претставува рефлексија за силата
на природата и нејзиното влијание врз човечкото исцелување и раст, истакнувајќи
ја важноста на меѓусебната поврзаност – со себеси, со другите и со природата.
Принцезата
во јануари 2024 година имала операција на абдоменот, по што поминала низ
хемотерапија.
Во март
истата година ја објави веста за својата дијагноза, а во септември соопшти дека
го завршила лекувањето, додека во јануари 2025 година објави дека е во
ремисија, со напомена дека нејзиното враќање на кралските должности ќе биде
постепено.
Серијата
„Мајка природа“ се објавува квартално и ги следи годишните времиња, а новата
епизода е снимена и во Камбрија, Глостершир, Лондон, Источен Сасекс и
Котсволдс.
Извор: vecer.mk


