Катастрофа во Италија: Реките се излеваат, свлечишта проголтуваат куќи, се бараат исчезнати

November 17, 2025
1 min read

Обилните дождови што го погодија италијанскиот регион Фриули во текот на ноќта предизвикаа сериозни последици и доведоа до вонредна состојба на неколку локации.


Во градот Брачан, во општина Крмин, недалеку од словенечката граница, масовно свлечиште затрупа и сруши трикатна зграда. Спасувачките екипи успеаја да извлечат едно лице од урнатините, додека потрагата по уште двајца жители сè уште е во тек, објавува порталот 24ur.com.

Бројни возила за спасување и хеликоптери беа веднаш испратени на местото на настанот. Едно лице со скршена нога беше извлечено од урнатините и итно пренесено во болница во Видем.


Поради ризикот од понатамошни свлечишта, властите евакуираа неколку семејства од Виа Сан Џорџо. Градоначалникот на Крмин, Роберто Фелкаро, ја потврди сериозноста на ситуацијата: „Врнеше многу синоќа. За жал, некои луѓе сè уште се водат како исчезнати.“

Екстремните дождови – само Крмин доби 152 милиметри дожд за шест часа – предизвикаа излевање на неколку реки. Реката Идрија се излеа од коритото и предизвика големи поплави, додека реката Тер го поплави селото Верса, во близина на Вилеш.


Поради тешката ситуација, пристигнаа и спасувачки единици од соседна Венеција за да помогнат.

Најдраматично е во Верса, каде што многу жители мораа да се искачат на покривите на своите куќи, чекајќи спасувачите да ги извлечат од поплавеното подрачје. Пожарникарите се обидуваат да стигнат до заробените луѓе со мали чамци и хеликоптери.

Снимките од воздух го откриваат обемот на штетата – бројни патишта и мостови се затворени, а пристапот до најранливите области е тежок или целосно невозможен.


Извор: tv21

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

AUTO SHKOLLA BEKO

MATINA DENTAL CLINIC

Претходно

Меџити: Чаир добива нови улици и модерна инфраструктура

Следно

Оглас од Општина Битола: Куќарки за храна и пијалаци за периодот 20.12–07.01

Latest from Blog

Заедно за најмалите: Жан Митрев се приклучува на глобалната кампања за предвремено родените деца

Клиника Жан Митрев се приклучи кон глобалната иницијатива за одбележување на Светскиот ден на предвремено родени бебиња, 17 ноември, со симболично осветлување на фасадата во виолетова боја – боја што симболизира чувствителност,

Купила Барбика од 1962. за само 10 долари, се шокирала кога дознала колку вреди (ФОТО)

Токму оваа ситуација е снимена во продавница за половна облека, за време на редовно саботно пазарување, кое подоцна стана вирално на мрежите. Мислела дека е репродукција Една жена открила на Reddit дека

Гвардиола:„Светот ја остави Палестина сама, дозволивме Израел да уништи цел еден народ!“

фото: Manchester City (X) Утре ќе се одигра пријателска или ревијална средба меѓу Каталонија и Палестина. Интересот е огромен поради актуелните случувања во Газа, а многу познати фаци од светот на спортот,
Go toTop