,,Капетанот Филипче по стапките на Адмиралот Заев‘‘

December 14, 2025
2 mins read

Воопшто не изненадува брзината со која членовите на Извршниот одбор на СДСМ си поднесоа оставка, милисекунда по повикот од лидерот Венко Филипче. Како едвај да чекаа да го напуштат бродот што тоне кој пловеше спротивно на сите познати физички закони, а согласно Заевиот Закон ,,сидро кое влече напред‘‘. Сите,  освен ,,капетанот‘‘ Венко Филипче охрабрен од неговиот адмирал Зоран Заев. Токму гафот на Заев за сидрото (наместо едро) јасно отсликува дека и неговата замена на кормилото на јахтата од Халкидики не ја гледа разликата од напред-назад, горе-долу и пораз-победа.

И замислете, поразите се мерило за сите освен за неприкосновениот лидер Филипче, кој останува имун и на катастрофалниот резултат на изборите и на очајниот кадровски избор кој самиот го направил. Како тоа му дава право самиот повторно да го избира тимот со кој ќе работи? Како повторно ќе ја реформира партијата кога самиот не се реформирал и не го признава поразот. И како сето тоа да не се поврзе со ,,пипците‘‘ на Заев со кој имаат зеднички именител – корупција.

Замислете НУЛА легитимитет, а право да раководи со партијата како деспот, за кој сите се виновни само тој не.

Точно, Филипче е лидер само година и половина, но уште помалку се во врвот ликовите кои ги разрешува, заменици, потпретседатели и членови на Извршниот одбор. А, токму тие беа вистинските решенија за тешко ранетиот СДСМ за кој брзо лекување најавуваше доктор Филипче. За нив гарант беше токму тој. Но, очигледно гаранцијата важи за се‘, за дијагнозата, медикаментите, и угледот на медицинската установа, освен за самиот ,,расипан‘‘ доктор, тој за кој социјалдемократите платија висока цена.

Одеднаш за кадровската политика, за катастрофалниот избор на кандидати за градоначалници, за тимот за предизборната кампања, за погрешните ,,намигнувања‘‘ за коалицирање, за оградувањето на десетиците интелектуалци и ветерани на СДСМ од неговите политики, за безидејните резолуции за ,,црвени линии‘‘ се виновни сите, само не тој кој сега вели: ,,имам право да го изберам најдобриот тим. После едно прилично кратко време за една таква тешка ситуација, која ја затекнав минатата година имам и политичко и морално и етичко право да го модифицирам тимот‘‘.

Побогу доктор Филипче, немаш ниту етичко, ниту морално, а по катастрофалните резултати ниту политичко право да избереш било што, а најмалку идниот раководен тим на СДСМ!

И кога дел од поранешното раководство на партијата, како Софија Куновска ќе напишат: ,,Венко никогаш и немал на памет идеја дека е дојден да победува СДСМ. Но едно нека остане запаметено, а тоа е дека цената за овие „туѓи бели дворови“ ќе ја плати не само СДСМ, туку и ВМРО-ДПМНЕ и сите граѓани на Македонија‘‘, јасно зборува дека сидрото на ,,капетан лаѓе‘‘ и натаму го влече адмирал Заев.

 

Оттаму, не зачудува кога владеачката партија ќе го поврзе неговото име со корупцијата и удволување на желбите и потребите на Заев и неговите/нивните  бизнис интереси. Бинзис-коруптивни интереси било да се работи за набавка на вакцини, за тендери за модуларни болници, за отпис на 2000 тони жито од стоковите резерви вредни 800.000 евра, за грант за ајварот ,,Мама‘с‘‘ од 1,4 милиони евра, за хациенди на Водно, за подароци-скапи теренци, вили на Халкидики, станови во Дубаи и ,,златни визи‘‘ за уживање во Персискиот залив.

П.С.

А, на следнава изјава на Филипче човек не знае дали да плаче или да се смее: ,,Граѓаните на следните парламентарни избори во новото СДСМ можат да гледаат како на владеачка партија, која конечно ќе ја внесе Македонија во ЕУ и конечно ќе ја сузбие корупцијата на секое ниво‘‘.

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

На 2 часа од Скопје има НАСЕЛБА ПОСТАРА ОД ИНКИТЕ И МАИТЕ, легендата вели дека „земјата таму сјае“

Следно

ПОСНИ КИФЛИЧКИ ЗА СОВРШЕНО УТРО: Ќе бидат свежи со денови, се топат во уста

Latest from Blog

Фрајбург му „откина“ бод на Дортмунд

Екипата на Фрајбург предмалку дојде на домашен терен до многу значаен и вреден бод во ремито 1:1 против тимот на Борусија Дортмунд. Фаворитот во Фрајбург пристигна со амбиција да ги освои трите

ХЕРОЈ НА ГОДИНАТА: Случаен минувач спречи терорист да направи уште поголем масакр во Сиднеј

Во пукање за време на прославата на Ханука, еврејскиот празник на светлата, на плажата Бонди во Сиднеј загинаа 12 лица, како и еден од двајцата напаѓачи, соопшти локалната полиција. Се верува дека

Стафа барал 100.000 евра: Добил 50.000 евра за поткуп на судија за укинување притвор на лице во бегство

Полициски службеници по наредба на јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција го лишија од слобода Ф.С. поради сторено кривично дело – Примање награда за противзаконито

Македонска држава“ носи ексклузив: Над 1.000 документи за македонскиот идентитет

Книгата „Македонци – милениумски сведоштва за идентитетското име“ претставува обемно историско и документарно дело кое на едно место собира повеќе од 1.000 архивски документи и сведоштва во кои се споменува етнонимот „Македонци“

Николоски: Скопје апсолутен лидер во авиосообраќајот за првиот квартал од 2026 година

Политиките на Владата во областа на авиосообраќајот веќе даваат мерливи резултати, при што Скопје се позиционира како апсолутен лидер во регионот за првиот квартал од 2026 година, истакна вицепремиерот и министер за
Go toTop