Герасимовски: Дрските лаги на ВМРО-ДПМНЕ продолжуваат, апликацијата на Општина Центар е изработена волонтерски

August 20, 2026
1 min read

Дрските лаги и манипулации на ВМРО-ДПМНЕ продолжуваат. Како и многупати досега, кога немаат што суштински да им понудат на граѓаните, се обидуваат да создадат афера со измислени бројки и целосно неточни информации, реагираат од Општина Центар.

„Последната во низата невистини е тврдењето на Лазар Банов дека Општина Центар платила 6,6 милиони денари за новата мобилна апликација. Тоа е целосна лага.

Мобилната апликација на Општина Центар е изработена волонтерски од вработен во Општината и за нејзината изработка не е платен ниту еден денар од општинскиот буџет“.

Единствениот трошок, велат од таму, поврзан со пуштањето на апликацијата изнесува околу 200 евра вкупно, за потребните надоместоци поврзани со нејзиното објавување на платформите Apple App Store и Google Play.

Апликацијата како што појаснуваат, е создадена за да им овозможи на граѓаните полесен, побрз и поедноставен пристап до информациите и услугите на Општина Центар преку мобилен телефон. Податоците се преземаат директно од официјалната веб-страница на Општината, со што сите релевантни информации се достапни на едно место.

Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, порача дека ваквите манипулации лесно се демантираат со факти.

„Да обвиниш некого дека потрошил 6,6 милиони денари за нешто што е изработено волонтерски и за кое Општината не платила ниту денар е или сериозно непознавање на работите или свесна манипулација со граѓаните. Наместо измислени афери, очекувам да разговараме за тоа што можеме да направиме подобро за центарци. Апликацијата е токму тоа – дополнителна бесплатна алатка преку која граѓаните полесно ќе комуницираат со Општината и ќе ги користат нашите услуги“, изјави Герасимовски.

Наместо ВМРО-ДПМНЕ да излегува со изјави и соопштенија со измислени бројки и да креира непостоечки афери, подобро е да ги координира своите советници во Советот на Општина Центар и да придонесе за реализација на проектите што се во интерес на граѓаните, стои во соопштението од општината.

„Граѓаните не очекуваат блокади, опструкции и дневнополитички пресметки, туку работа и резултати. Интересот на центарци секогаш бил и мора да остане на прво место, пред секој личен и партиски интерес. Граѓаните заслужуваат работа, решенија и факти, а не измислени милиони и фабрикувани афери“.

Извор: zurnal.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Димитриеска-Кочоска: Заедно со ДЗР до поголема транспарентност и поефикасна заштита на јавните пари

Latest from Blog

Димитриеска-Кочоска: Заедно со ДЗР до поголема транспарентност и поефикасна заштита на јавните пари

20 август 2026, Скопје – Министерството за финансии и Државниот завод за ревизија ја унапрдуваат меѓуинституционалнта соработка и координација со цел градење посигурен, поефикасен и поодговорен систем на јавни финансии. Денеска министерката

Битола со нова опрема за „Петар Милошевски“: Набавени шест машини за одржување на стадионот

Општина Битола набави шест специјализирани машини со кои ќе се подобри одржувањето на стадионот „Петар Милошевски“. За набавката се издвоени 4.373.551 денари, средства кои биле планирани во Буџетот на Општина Битола за

Цуцковски: „Охридско лето“ го надмина очекуваното со рекордна посетеност

Со врвна уметност, голем интерес од публиката и рекордна посетеност и продажба на билети, вечерва беше затворено 66. издание на фестивалот „Охридско лето“, информира директорот на фестивалот, м-р Ѓорѓи Цуцковски. Цуцковски посочи

Проданоски: Нема директна опасност за Крушевица и Чаниште, сите сили се на терен

Во моментов активни се четири краци од пожарот во Мариовскиот регион, но сите се надвор од населените места и нема директна опасност за Крушевица и Чаниште, ниту за имотите на граѓаните, информира
Go toTop