Календар на МПЦ: Богојавление-Водици

January 19, 2026
1 min read

Кога Господ Исус наврши триесет години од телесното раѓање, го започна Својот учителски и спасителен подвиг. И самиот почеток на тоа го означи со примањето Крштение на Јордан. Како што вели Свети Кирил Ерусалимски: „Почеток на светот е водата, почеток на Евангелието е Јордан“.

Кога Исус Христос се крштеваше во водите на Јордан, на светот му се објави онаа тајна што во Стариот Завет само се навестуваше, тајната на Божествената Троица. Отецот му се јави на сетилото за слух, Духот на сетилото за вид, а Синот дури и на сетилото за допир. Отецот го изговори Своето сведоштво за Синот, Синот се крсти во вода, а Светиот Дух во вид на гулаб лебдеше над водата. И кога Свети Јован Крстител посведочи и рече за Христа:

„Еве го јагнето Божјо кое на Себе ги зеде гревовите на светот“ (Јован 1, 29) и Го потопи и Го крсти во Јордан, со ова се укажа на Христовата мисија во светот и на патот на нашето спасение. Зашто Господ ги зеде врз Себе гревовите на родот човечки и под нив умре (пототпувањето) и оживе (излегувањето од водата); а и ние мораме да умреме како стар и гревовен човек, а да оживееме очистени, обновени и преродени. Празникот Богојавление (на грчки Теофанија) се нарекува и Просветлување.

Зашто настанот на Јордан не просветлува, прво: покажувајќи ни Го Бог како Троица еднобитна и неразделна. И второ: бидејќи секој од крстените во вода се просветлува, бивајќи восиновен од Отецот на светлината, со заслуга на Синот, со силата на Светиот Дух.

Тропар

Кога се крштеваше во Јордан, Господи, на светот му се откри Света Троица: зашто гласот на Родителот сведочеше за Тебе, именувајќи Те возљубен Син. И Духот, во вид на гулаб, ја потврдуваше вистинитоста на Неговите зборови. Христе Боже, Кој се јави и светот го просветли, слава Ти.

Кондак
Господи, денес и се јави на вселената, и Твојата светлина, се покажа врз нас, кои разумно Ти пееме: Ти си дошол и си се јавил, Светлино непристапна.

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Православните верници го слават Богојавление-Водици: Со положувањето на крстот, водите стануваат лековити

Следно

Календар на МПЦ: Богојавление-Водици

Latest from Blog

Николоски: Експресниот пат Градско–Дреново ја менува сликата за Пелагонија

Министерот за транспорт Александар Николоски објави ноќно видео од експресниот пат Градско–Дреново, нагласувајќи дека со оваа сообраќајница значително се подобрува поврзаноста меѓу Пелагонија и главниот град. „Со овој експресен пат Прилеп, Битола,

Тоневски упати честитка до граѓаните за празникот Водици

Градоначалникот на Општина Пробиштип, Тони Тоневски, упати честитка по повод празникот Богојавление – Водици. „Бог се јави! За многу години празникот Богојавление – Водици. Честитки за Давид Демјанов од Злетово што го

Календар на МПЦ: Богојавление-Водици

Кога Господ Исус наврши триесет години од телесното раѓање, го започна Својот учителски и спасителен подвиг. И самиот почеток на тоа го означи со примањето Крштение на Јордан. Како што вели Свети

Православните верници го слават Богојавление-Водици: Со положувањето на крстот, водите стануваат лековити

Православните верници денеска го слават празникот Богојавление кој се одбележува уште од вториот век. На овој ден, според христијанското предание, Свети Јован Крстител го крстил Исус Христос во реката Јордан. Празникот се
Go toTop