Јовановски најави месечна финансиска поддршка за децата со посебни потреби во Кичево

December 4, 2025
1 min read

По повод Светскиот ден на децата со посебни потреби, градоначалникот на Општина Кичево, д-р Александар Јовановски, ја најави новата општинска програма за финансиска поддршка на семејствата со деца со посебни потреби.

Според најавата, Општината многу скоро ќе објави јавен повик до сите семејства кои имаат деца од 0 до 26 години, а со програмата ќе им се обезбедува месечна финансиска помош од 4.000 денари за секое дете. Јовановски посочи дека оваа мерка е дел од неговите претходни заложби и ветувања за подобрување на условите за децата со попреченост во Кичево.

 

 

Градоначалникот денес ги посети ОУ „Санде Штерјоски“, каде што функционира дневен центар за згрижување и едукација, како и дневниот центар за лица со посебни потреби при Центарот за социјална работа – Кичево. Центарот работи во соработка со Црвениот крст на проекти за поддршка и згрижување на овие деца.

Јовановски нагласи дека Општина Кичево ќе продолжи да инвестира во политики кои обезбедуваат достоинствен и поддржувачки развој на сите деца со посебни потреби.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

AUTO SHKOLLA BEKO

MATINA DENTAL CLINIC

Претходно

Докторот кој му продавал „Кетамин“ на Метју Пери, осуден на 2,5 години затвор

Следно

Битола го одбележа Меѓународниот ден на лицата со попреченост со панел-дискусија

Latest from Blog

Битола го одбележа Меѓународниот ден на лицата со попреченост со панел-дискусија

По повод 3-ти декември, Меѓународниот ден на лицата со попреченост, во ОУ „Кочо Рацин“ во Битола се одржа панел-дискусија насловена „Биди промена, биди поддршка – со перспектива, иновација и заедничка акција до

Докторот кој му продавал „Кетамин“ на Метју Пери, осуден на 2,5 години затвор

Инаку, 43-годишниот доктор претходно призна дека го снабдил глумецот со анестетичкиот лек „Кетамин“, изрази каење и се изјасни за виновен. Во замена за неговото признавање, дополнителните обвиненија беа отфрлени. Обвинителите го обвинија

Бајка во Бразил: Нејмар над повредата, после две и пол години запиша хет-трик (ВИДЕО)

Фото: Сантос Х Сантос го победи Хувентуд со 3-0 во претпоследното коло од бразилската Серија А и речиси сигурно обезбеди опстанок. Сите три гола за „светците“ ги постигна Нејмар. Тоа беше првиот

Американски воен авион се урна во Калифорнија, пилотот се катапултирал

Воен авион на елитната демонстрациска ескадрила „Thunderbirds“ на Американското воено воздухопловство се урна во пустината во јужна Калифорнија во средата, но пилотот успеа безбедно да се катапултира, соопшти армијата. Пилотот е згрижен

Зошто јајцата не треба да се чуваат во фрижидер? Причината што ја откри готвач го шокираше интернетот

Дебатата за тоа каде да се чуваат јајцата повторно се разгоре откако британскиот готвач Џејмс Мартин изјави дека тие никогаш не треба да се чуваат во фрижидер. Иако со години се води
Go toTop