Јорданов: Штип ќе даде поддршка при расчистување на сметот во Скопје

October 24, 2025
1 min read

Штип ќе даде поддршка на скопските општини преку ЗЕЛС за надминување на проблемот со собирање на сметот во Скопје, најави денеска градоначалникот на Општина Штип, Иван Јорданов. Тој истакна дека како и останатите општини и Штип се солидиразира, за да се собере отпадот низ општините во Скопје и да не се загрозува здравјето на граѓаните.

-Верувам дека ќе се солидиразираме преку ЗЕЛС, за да дадеме меѓуопштинска поддршка со одредени ресурси, притоа нормално завршувајќи ги сите примарни активности во нашиот град. Така што, ние стоиме на располагање да дадеме поддршка, помош. Затоа што меѓуопштинската соработка мора да ја има и да постои. Верувам дека преку ЗЕЛС, како и другите општини што даваат поддршка, така и Штип ќе даде поддршка во помагањето со расчистување на смет во самиот град Скопје, изјави Јорданов.

Општина Штип вторпат ќе помогне во собирање на сметот во градот Скопје. Вработени во штипското комунално претпријатие „Исар“ на 9 јули 2023 година со два камиони помагаа во собирање и депонирање на отпадот во скопската општина Аеродром.

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MARKETING

ЛОКАЛНИ ИЗБОРИ 2025

Претходно

Коњановски: Граѓаните активно учествуваат во креирањето на буџетот на Битола

Следно

Овие 4 хороскопски знаци ќе ја откријат својата животна цел во 2026 година

Latest from Blog

Пелистер станува атрактивна туристичка дестинација со нови проекти и инвестиции

Општина Битола вложува значителни средства во развојот на Потпелистерието, со цел ова подрачје да стане атрактивна туристичка дестинација во сите четири сезони. Градоначалникот Тони Коњановски го потпиша договорот за изработка на физибилити

ВАЖНО: Препораки и мерки за населението од ИЈЗ поради актуелната состојба со отпадот во Скопје

Институтот за јавно здравје објави препораки и мерки до населението, согласно актуелната состојба со отпадот во Скопје. ПРЕПОРАКИ -Да се одржува лична хигиена (користење на ракавици, маска, миење раце, користење дезинфиција за
Go toTop