Јаневска: Годинава и електронски и печатени свидетелства за прво, второ и трето одделение

May 27, 2026
1 min read

Министерката за образование Весна Јаневска денеска потврди дека годинава свидетелствата за прво, второ и трето одделение ќе бидат електронски, но, со оглед дека прв пат се издаваат во ваква форма, паралелно ќе се доделат, како што изјави, и печатени.

Според Јаневска, идната година ќе има електронски свидетелства и за четврто, петто и шесто одделение, а во 2028-ма процесот ќе биде заокриужен вклучително и со деветто одделение.

-Од оваа година воведуваме електронски свидетелства од прво до трето одделение. Со оглед дека е прва година ќе има и печатени свидетелства, зашто очекуваме наставниците да се прилагодат на новите електронски свидетелства, што ќе биде огромно олеснување за нив. Наместо да пишуваат на рака свидетелства, тие ќе можат на компјутер да ги пополнат свидетелствата — ем побрзо, ем поефикасно, ем без грешки, зашто податоците се влечат од е-дневник. И оваа година одиме паралелно, од догодина ги додаваме новите три одделенија — четврто, петто и шесто и од догодина ќе одиме само со електронски свидетелства, за третата година да го завршиме и деветто. Со нив заштедуваме на хартија, намалуваме загадување, ја олеснуваме работата на наставниците и, дополнително, системот за упис во средно ќе ги влече податоците од самите училишта. Тоа е релативно голем напредок за работата, односно за дигитализација на процедурите во училиштата и погодност и за наставниците, и за родителите, и за учениците, рече Јаневска.

На прашањето до каде е законот за високо образование, министерката повтори дека трите закони, за високо образование, за обезбедување квалитет во високото образование и за научно-истражувачка дејност, мора да одат во пакет.

-Законодавство заврши два закона. Има забелешки кои не се суштински, но се повеќе од правен и номотехнички аспект. И ние сега, тоа се вика усогласување, ги прифаќаме или не ги прифаќаме. Сметам дека она што го видов не е проблем да ги прифатиме сите. Законот за наука сѐ уште се обработува, но јас очекувам во текот на идната недела комплетно да бидеме усогласени. Тоа е веќе владина процедура. И штом се усогласиме со законодавство, значи ја имаме последната верзија, таа ќе оди на владина седница, истакна Јаневска пред потпишувањето Меморандум за соработка на Градежниот и Економскиот факултет со два германски универзитета во областа на циркуларната економија.

Извор: zurnal.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Коњановски: Битола се позиционира како регионален економски центар

Следно

Трамп ја враќа Пам Бонди, откако ја смени пред само неколку недели: Се бореше со рак

Latest from Blog

Трамп ја враќа Пам Бонди, откако ја смени пред само неколку недели: Се бореше со рак

Веста беше потврдена од бројни американски медиуми и јавни изјави од сојузници на администрацијата. Помалку од два месеци по нејзиното отстранување од функцијата државна обвинителка, американскиот претседател ја назначи Бонди во Советот

Коњановски: Битола се позиционира како регионален економски центар

Во организација на Јавното претпријатие Индустриска зона „Жабени“, денеска во Битола се одржа работен состанок на тема „Инвестирај во твојата иднина“, на кој присуствуваа владини претставници и стопанственици, со цел размена на

Македонската берза со пад од 22 поени, најтргувани акциите на Комерцијална банка

Изготвен од Илирика Инвестментс АД Скопје врз основа на официјални податоци од Македонска берза. На трговската сесија од 27.05.2026, индексот МБИ10 изнесуваше 9.770,34 поени, со дневен пад од 0,23%, односно 22,04 поени,
Go toTop